Типични Балкански комшии

Живееме у држава каде што комшијата знае повеќе за твојот живот отколку ти самиот… Мајка ти пие утринско кафе со комшиките и ги добива сите потребни информации со кој си отишол/ ла, за што сте правеле муабет и што е најбитно со кој си се вратил/а… Уште пред ти воошто да отвориш очи и после наеба, епа наеба! Татко ти не мора да го упознава дечко ти, он од сам старт знае дека според комшијата од петти, тој е наркоман и пијаница. Јас би ги нарекла разузнавачка служба. Мајка ти не мора ич да се секира, комшиката од први ќе дознае све за твојата невеста… Јер нејзината тетка и нејзината братучетка се знаат од времето на Југославија док иделе на одмор у Крани… Не се секирај, што ако не се слушнале со братучека ѝ 15 години, за све си има причина, зар не? Па, еднаш Цонка си го жени синот, зарем не?

Е, добро сега… Со комшиите си имаш уште една мука, како да направиш нешто… А, притоа да не испаднат муабети од стилот: „А, што фино дете си беше, што му требаше сега ова?“ – тоа е случај кога сакаш да истапиш со нешто поконтраверзно, поинакво од дотогаш, да речам поамерикански јер Америка је крива за све, или пак имаш: „Ццц… Леле црна Петранке, што убаво дете си имаше, кај се запусти вака… Ццц“ – случај кога правиш некоја екцентрична промена, можно е да си феминистка или пак ултра-либерална особа, па увек мајка ти у случајов е онаа оцрнетата… Демек црната овца ја родила во фамилијата… Ок.  Тоа е исто со дечкиве што ставаат обетки на ушите, он е одма под дифолт: „Пу,пу… Скраја да е… Детето да не се попедерчи?“…

Само нека ти е јасно дека што и да направиш, не знам какво чудо да смислиш… Твоите драги комшии ќе ти најдат некоја утка… На Марс да отидеш и жив и здрав да се вратиш, ќе ти кажат: „Абе, Миле наш читал за тоа НАСА-МАСА, како и да се вика, дека побрзо се стигало… А, да те прашам јас уште што ти преку врски отиде или како? Бугарски пасош ти требаше ли? Али со Виза отиде?“ Безвезе муабти… Увек имаат они у фамилија некој гениј, само што не изникнале на површина неговите брилијатни идеи. У превод, Миле оди секој ден у кладилница и се надева дека еден ден една нема да го заебе на спортска, бистри политика и точно е дека има брилијантен ум. Точно знае во колку му се сите утакмици. Гениј, бе гениј…

Додека се бавташ со комшиите како да не извадат сторија дека си бил/а негде на некое мистериозно место (читај: секта), наидуваш на други проблеми. Роднините.

Даа.. Оние слатки луѓе со кои имате крвна жичка. Е, овие слатки луѓе у некои делови од животот може да бидат и брутални. Зошто? Па ем ти мислат добро, ем те напаѓаат за се и сешто. Типичните муабети од типот на: „Не ги нервирај твоите“, „Кога планираш да звршиш фалкутет, кога планираш да стапиш у брак, кога планирате да имате деца… Времето си мине“. За нив, животот трае пет години изгледа… Зошто на секоја свадба, матура и друга веселба или нетолку пријатна ситуација (читај: погреб), тие секогаш се тука да си ги апдејтираат прашањата. Тие никогаш не се задоволни и само ти велат: „Ако, убаво е да се има што повеќе“…  А, ти им велиш: „Ама еве работам у администрација, имам земено диплома за магистар, работам на докторатот, имаме пет деца, купивме куќа и вила, купивме и нова кола..“… А, како констатација на све, ти вели: „Еее, во наше време имавме и по шест деца, што не си напрајте уште едно?

Најчесто се такви бабите, тетките се полни со радозналност да ти го упознаат дечкото/девојката… Све на све, ние жените сме увек налет… Прашуваме од А – Ш, од каде е… Зошто е, како е… Дур мужите се порелаксирани… Нив долното ги боли за све, али искрено…

За крај, чест на изузетци и во комшииите и во роднините. Тие треба да се сочуваат како природно богатство и да се заштитат со закон затоа што ем се ретки, ем се во ендемски вид.

Посетено 1.163 пати