Врска со плунка не се лепи, со љубов се лепи


Тој секогаш плукаше, јас лепев, но не оди тоа така, со плунка врска не се лепи, со љубов се лепи, а љубов во него немаше.

Немаше ниту “љ” од љубов, бидејќи плукањето не е знак на искажување на чувства, плукањето е исфрлање на она што ти горчи во устата, она што како кнедла не ти дава да голтнеш.

И тогаш плукаш.

Залепувањето е знак на искажување на чувства, собирање на скршена гордост, скршена самодоверба, скршени зборови и пикање на истите во најтемниот ќош од твоето срце, за разлика од него, него го лепиш него за себе, повторно и повторно, исто како кога лепиш скршена чаша, која повторно ќе пукне при првиот допир.

Седат таму, фаќаат прашина, скршени, незалепени, не можеш да им направиш плукни, залепи ним.

И да сакаш да пробаш, нема да можеш, премногу си зафатен да лепиш онаму каде што другиот плука.

Кога ќе дојде до тој степен, плукни го тој што плука в лице и одеби го од територијата на твоето срце, собери си ги гордоста, самодовербата, зборовите и залепи ги со твојата храброст.

Остави го оној плукни, залепи потоа сам да си го излиже плукнатото, остави го тој што викал каде што плукам, не лижам, нека да се залепи за асфалтот со исплазнет јазик.

Барај некој што нема да се осмели да скрши, барај некој што нема да те тера да лепиш, барај некој што ќе плука љубов, наместо горчина!

Посетено 3.359 пати (1 денес)

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!