Што сум јас?

tom-macorot_majkatiitatkoti
Што сум?
Хомо Сапиенс?
Што знам… можда и не
Поише личам на гризли
посебно кога гушкам
Или анаконда
посебно кога бакнувам
Што сум јас?
Kлукајдрвец
Посебно кога си ја мавам главата од ѕид
кога ќе заглавам со некој стих
Или гепард
кога трчам по тебе
и обавезно те стигам
па дури и засипнат гавран
кога ќе ми дојде
да ти ја пеам Беса ме мучо
Што сум јас?
Шимпанзо
кога си играм со синчето
Брус Ли
кога се тепаме со јастуци
Алигатор
кога некој ја мерка ќерка ми
Слончето Дамбо
кога влегувам у супермаркет
и стварите „сами” паѓаат од гондолите
Што сум јас?
Тасманиски ѓавол
кога ќе напраиш мусака или гибаница
Мачорот Том
Кога ти се удварам
Kралска кобра
кога некој не дај Боже ќе те навреди
Што сум јас?
Хомо сапиенс?
Тешко!
Посетено 592 пати (1 денес)