Шмишајбна, ноќна мора на секој Македонец

kamasutra

„ИНФОРМАЦИИ, повелете“
„ми треба бројот на Камасутра“
„немаме таков претплатник“
„а да пробате во Индија?“
„во Индија?“
„да итно ми е“
„па добро бе дечко имаш интернет сигурно, таму ги
има сите пози, во боја, црно-бели, во 3-Д, ХД“
„да ама нема се“
„е што нема?“
“па нема како да се справиш со проблеми,
немаат „Грижа за корисници“ и сл“
„а што проблем имаш ти?“
„па ја и девојка ми нешто вежбавме јога-камасутра
и се врзавме во чвор, не можеме да се отплеткаме“
„ах бе деца, деца.. можам зет ми да го викнам
да ви помогне , хаузмајстор е, за се’ го бива“
„добро, еве ви ја адресата
и нека ја обие вратат слободно“
После 20 минути се слуша кршење на врата,
влегува типот..не’ гледа, девојка ми да може
ќе пропадне од срам во земја….ама не може
„сега деца ќе ве отплеткам“
Вади шмишајбна, ја пали
„еееј, чекај малце..ќе не повредиш со тоа!!!“
„не бе, можда малку ,ова е прецизна германска машина“
„па не ми личи на германска според дизајнот“
„Источно-германска е, уште пред да падне Ѕидот,
ама добро ме служи“
„ај бе доста зборите вие двајца, ќе закаснам на фризер“
– и’ пука филм на девојка ми
„добро девојко,вие само уживајте.. не се гадите од крв?“
„јас ќе паднам во несвест“- си признавам
„јас си носам улошки“- вика она
Само што ме допре со шмишајбната почна крв
да прши и јас одма во несвест
Се освестувам по некое време, собата цела во крв
ми ги нема нозете… овој претерал со сечење у пм
„еј се освести?“ – ја слушам девојка ми
„да ма -се вртам накај неа- ти добра си ?
ауу не си, и тебе те пресекол на пола…
него што ќе ти ја шмишајбната во рака?
да не ме сечеш мене?- ја прашувам
„не бе, него го испокасапив -покажува накај
мртвото тело на хаузмајсторот-
види ми ги прстите.. лом ми ги направи ноктите
и ме изнервира па не можев да му простам,
го исеков на 12 парчиња,… аматер смотан ….
ама тебе нема, зошто тебе ?…тебе те сакам“
„уф добро, кога те видов си помислив
си дознала за Наташа“
„штоо?..чекај малце,.. која Наташа?.. дојди ваму ОДМА“
„немам нозе, дојди ти“
„па ни јас немам..која Наташа бе џукело,
само да те фатам“
Остатокот од приказната тешко се опишува
Како да раскажам бркотница на двајца без нозе
во соба полна со крв и остатоци од човечки тела
а плус едниот цело време мавта со шмишајбна?

Посетено 2.425 пати