Ријана На Насловната Страница На Дигиталното Издание “AnOther Magazine”

Страниците оживуваат пред вашите очи
header_another_mag
Овој месец AnOther Magazine го лансираше бројот, кој може да се

нарече хибрид на дигиталната и печатената форма, во кој,
покрај вообичаенитетекстови и фотографии, се појавува
и мини-филм со мегапопуларната Ријана

 

another_mag_pocetna

Најинтересна во овој број е самата насловна страница. Списание има 400 страници печатени во класичниот метод, но овој број го прави единствен токму насловната страница. Таа изгледа исто како екран и на тој принцип е направена, а од дисплејот заводливо ве гледа Ријана.
Ова всушност е еден мини-визуелни филм на познатото фотографско дуо Inez van Lamsweerde & Vinoodh Matadin  и ако во “плочката” вклучите слушалки по вашиот избор, може да го доживеете и како аудио. Музичката основа, насловена како “The Sound of McQueen” беше создадена од страна на John Gosling, автор, кој уште од 1990-ите  компонира музика за сите модни ревии на Alexander McQueen. На овој британски дизајнер му е посветен целиот број, а затоа во мини-видео записот, кој доаѓа со списанието, Ријана се појавува во архивските креации на McQueen.
Новиот број на AnOther Digital е веќе во продажба, во лимитирано издание од 1000 примероци по цена од 125 евра. Ако ве заинтригира ова необично списание, може да го купите на интернет страницата Yoox.com и во Selfridges и Colette.

Погледнете го видеото

 

Ријана на Инстаграм

(Посетено 92 пати, 1 денес)
Мајка Ти и Татко Ти
Автор
Мајка Ти и Татко Ти

Поврзани Статии

Оставете одговор

*