Посвета На Банкси За Жртвите во Париз

Светot завиткан во црно по трагедијата во главниот град на Франција.

Banksy1_najkatiitatkoti

На Инстаграмот на Банкси се појави едноставна, но многу моќна порака посветена на жртвите на вчерашната трагедија во париското списание  Charlie Hebdo

Веста која го завитка целиот свет во црно и сериозно ја загрози слободата на говорот според зборовите на новинарските здруженија од сите земји инспирираше многу уметници да дадат поддршка по пат на уметнички творби., илустрации и други различни видови на изразување. Посветата на Banksy веќе го заобиколи светот поради својата едноставна, но истовремено силна порака.
Слика од три моливи, еден цел, вториот скршен, а третиот повторно наострен ја претставува драматичната состојбата на државата пред вчерашната трагедија, драматичен настан во кој загинаа 12 лица, т.е подигање од пепелта што ќе следи. Иста е идеата за слободата на говорот со која сатиричниот весник Charlie Hebdo  промовира поддршка низ целиот свет, обраќајќи и се на француската јавност со цел повторно да го изгради својот скршен дух.
Посетено 1.051 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!