Плиткоста е една нечиста вода

На некои луѓе сарказмот им е одбранбен механизам. И тој е можеби последниот сигнал за присуство на здрав разум во едно деградирано општество. Нешто како појас за спасување од плиткоста. Контрадикторно е тоа, нели?

Плиткоста е една нечиста вода, едвај стига до глуждови, а види колку се удавија во неа. Сарказмот, пецкањето, тоа се практично електро-шокови за клинички мртвата с(о)вест. Обид да го вразуми стампедото препуштено на масовниот ментален мазохизам. Сарказмот е гласот на разум во океанот на безумие. Како онаа трепкачката црвена лампица и ГПС сигналот за СОС. Сарказмот е доказ дека не е се изгубено. Знае да здоболи, да. Ама тоа е отрезнувачки шамар, и целта му е баш тоа, да здоболи, да освести. И само интелигентна, свесна личност може да биде саркастична. Не, нема многу пријатели таквиот човек. Дека е како еж. Ежовите немаат многу пријатели, нели? Дека шупливите, празните луѓе неодоливо наликуваат на надуени балони. А добро знаеме дека балоните и не уживаат баш во друштво на ежови.

Посетено 403 пати