Немаат многу кукле, ама тоа малкуто што го имаат ги прави најсреќни на свет

kukleto-vo-bmw-naslovna_majkatiitatkoti


Некој кукле, ќе ти го накити вратот, рацете, прстите со злато. Ќе ти го наполни џепчето, гардероберот, масичата за шминки… ама душичето празно ќе ти го остави кукле. А ти ќе мораш да се смешкаш и да изгледаш среќна во неговото БМВ додека шишките ти ги дува ветерот… и ќе ги гледаш будалетинките од маало како се држат за раце и среќата им извира од секоја пора. Немаат многу кукле, немаат многу. Ама тоа малкуто што го имаат ги прави најсреќни на свет. И ќе си ја видиш старата љубов од маало како носи бушаво синче на кркуш а женичката трчка покрај него, ги гледа со исполнета душа своите две причини за постоење. Ги гледа со еден посебен поглед кукле. Од оние погледите шо после пишуваат романи. А ти ќе ги ставиш цвикерите Луи Витон од петсто евра да не ти ги видат солзите. Дека од празна душа кукле, најтешките солзи извираат.

Можеби ќе ве интересира повеќе од истиот авторvoyager logo text

(Посетено 5.824 пати, 1 денес)

Поврзани Статии

Оставете одговор

*