Збогум Валтер
[youtube height=”HEIGHT” width=”WIDTH”]https://www.youtube.com/watch?v=gQZf0RscDzE[/youtube]
Легендарниот актер Велимир Бата Живојиновиќ синоќа почина во Белград по серија здравствени проблеми. Глумеше во повеќе од 280 филмови и ТВ серии.
Велимир Бата Живојиновиќ е роден на 5-ти јуни 1933-та година во селото Корачица во близина на Белград. Талентот за глума го открил на 15 години додека работел како сценски работник и статист во Академскиот театар во Белград. Завршил средно актерско училиште во Ниш и Нови Сад, по што се запишал на Драмската академија во Белград.
За првпат на филм се појавил во 1955-та година кога добил мала улога во филмот „Pesma sa Kumbare“ на Радош Новаковиќ. Првата значајна улога ја остварил во 1959-та година во филмот „Vlak bez voznog reda“ на Вељко Булајиќ.
Во текот на 60-тите и 70-тите години остварил големи успеси преку главните улоги во партизански филмови. Меѓу другото, ја толкувал главната улога во воените спектакли „Kozara“ (1962), „Bitka na Neretvi“ (1969) и „Sutjeska“ (1973).
Токму тие улоги му овозможиле влез во кругот на најголемите филмски ѕвезди на поранешна СФРЈ. Заради партизанските филмови, Бата Живојиновиќ бил и близок пријател со Јосип Броз Тито.
За најпозната негова улога се смета харизматичниот сараевски илегалец Валтер од филмот „Valter brani Sarajevo“ (1972).
Бил во брак со Лула со која ја имаат ќерката Јелена и синот Миљко. Летото 2012-та година преживеа мозочен удар, и иако во цела поранешна Југославија освен Србија стекнал статус на персона нон грата заради политиката, многу хрватски колеги тогаш му пружиле поддршка.
Кон крајот на април годинава здравствената состојба нагло му се влошила и итно бил хоспитализиран. Вчера ја заврши битката за својот живот во болницата Св. Сава во Белград.
Посетено 847 пати