Еднаш месечно, Шанзелизе ќе биде пешачка зона
Познатата париска авенија ќе се претвора во печашка зона секоја прва недела во месецот, соопштиле властите на градот Париз.
Единствен исклучок ќе биде првото отворање на авенијата за пешаци кое ќе биде на 8-ми мај, бидејќи 1-ви мај е ден за одмор на многу Французи, меѓу кои и вработените во градската администрација и полицијата.
По 8-ми мај, Шанзелизе ќе биде пешачка зона секоја прва недела во месецот, кога и музеите низ градот се бесплатни.
Од престојново лето, уште девет локации низ Париз ќе стануваат пешачки зони во рамките на програмата „Париз дише“.
Посетено 935 пати