Франција ќе инсталира соларни панели на патиштата

Capture
Како продолжение на минатогодишниот историски договор за климатски промени, каде што 195 нации ветија дека ќе ги намалат гасовите кои предизвикуваат ефект на стаклена градина, Франција докажа дека почнува да го остварува ветеното.

Француската влада штотуку објави дека ќе поплочи илјада километри пат со издржливи, фотонапонски панели кои ќе овозможат соларна енергија за 5 милиони луѓе ширум земјата.

Проектот ќе биде завршен за 5 години, а е соработка меѓу Француски патишта, компанијата за инфраструктурни решенија Colas и Националниот институт за соларна енергија.
Ова ќе биде првпат да се инсталираат соларни панели на патишта во толкава мера, а целта ќе биде да се овозможи обновлива енергија за 8% од француското население.
Самите панели се технолошки супериорни, со дебелина од 7 милиметри и дожина од 15 сантиметри, а се изработени од тенок филм на поликристален силикон. Нивната издржлива структура ќе значи дека врз нив без проблем ќе можат да се движат возила од секаков вид, без притоа да се направи каква било штета.
Панелите се водоотпорни и лесно се адаптираат на температурни промени. Бдејќи лесно можат да се постават врз веќепостоечките патишта, инфраструктурата нема да трпи промени, што значи ќе има и помалку трошоци.
Тестовите покажале дека патентираниот дизајн на панелите трае колку и обично поплочување, отприлика 10 години. На места каде што нема голема фреквенција на возила, ќе издржат и до 20 години. Само 4,5 метри од овие панели на патот можат да обезбедат електрична енергија за едно домаќинство, без греење.
Посетено 277 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!