Во Малта нема полициски час. Точно е дека има вонредни мерки, а другото се’ се само препораки. Препораки!

Во Малта нема полициски час.

Тука живеат многу Македонци, Срби, а веќе и голем број на Косовари и Албанци од Македонија. Голем дел од нив се категоријата која најмногу и ја критикувате како “недисциплинирани и несовесни”.

Но, не само што нема полициски час и забрани какви носите и посакувате таму, туку и никогаш ниту ќе има. А коефициентот по број на заболени е далеку поголем од оној во Македонија, но починатите се бројат на прстите од една рака.

Точно е дека има вонредни мерки, а другото се’ се само препораки. Препораки!

Има казни за групирање, ако се над тројца по 100 евра од лице (сем фамилии кои живеат заедно).
Казна од 10.000 евра за лице што ќе напушти карантин ако е заболено од Ковид-19. (бидејќи скоро 90% се лечат дома)
И казна затвор од 9 години ако истото лице при напуштање на карантинот се покаже дека потоа заразило друго лице.

Тоа е тоа.

Истите тие Македонци, Срби, Косовари и Албанци овде ги почитуваат мерките и се комплетно дисциплинирани и совесни. А ако (хипотетички) истите се вратат во своите матични земји се исто толку проблематични како и другите таму.

Зошто?

Само поради едно нешто: НЕКАЗНИВОСТ.

Во Малта се казнува секој. Секој!
Ни “вујко ти Премиер” не може да те спаси.
Додека пак во Македонија се’ започнува и завршува со “qр ме боли”, ако си функционер или имаш другар што има другар функционер, баш ти е гајле дали ќе ти пишат казна од 100 или илјада евра, а ако немаш, “ќе си го папаш” и за “три марули” и “10 ќебапчиња”.

Тоа се разликите.
Казнивост и Неказнивост.
ФМП.

Од Малта, нашиот дописник Игор Филевски

Посетено 5.234 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!