Колку е голем срамот?

sramot_majkatiitatkoti

Голем е срамот е да кажеш дека немаш пари да го живееш денот, месецот, годината..Голем е срамот да кажеш дека си пола човек, пола скот. Работиш за да не заработиш. Живееш, за да преживуваш. Голем е срамот да кажеш дека градот во кој живееш е голем циркуски шатор, со бесплатна влезница и голем данок. Срам е да кажеш дека пиеш загадена вода, дека конзумираш отровна храна, дека Водно не е Водно, дека Вардар е река фекалница, дека воздух немаш.. Те боли срамот што младите си заминуваат, што кембриџски систем се тера во средновековни школи, што скапо-платените дипломи немаат вредност, дека ги мразиш сите, зошто се мразиш себеси..во себе носиш неексплодирана бомба..Се прикриваш, бегаш од сите, како да немаштијата да е пренослива..Срам, голем срам.. Не помалку е голем срамот и на тие што имаат многу пари, што заработуваат и за идните поколенија. И ним не им е право што го споделуваат со првите истиот свод над главата, и притоа мораат да глумат дека имаат мачен живот, со благи нијанси на подносливост, но заради суеверност и код на однесување, мораат благодетите да ги уживаат далеку од дома, далеку од очите на тие околу нив..Зашто, голем е срамот..Каков и да е: прикриен, лажен, искрен… Ако се измери срамот на едните и на другите, се добива фејкерско општество, со лажни животи, личности со туѓи сенки, наместени насмевки, креирани солзи, нереализирани срамни љубови, развратни манири и голем срам ..жигосан срам..

А бегање нема!
Посетено 5.810 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!