Бидете човекот кој му помогнал на старецот да се симне од автобусот

Еден стар човек почнал да кашла во градски транспорт, веднаш со страв го погледнале другите патници. Тоа не престанувало, кога почнал да кашла засилено и погласно, тие му рекле дека мора да излезе на следната станица или ќе го извадат сами, присилно.

Почнале да се групираат како орда, а додека се обидувал старецот да им каже дека е болен од астма и ја вадел неговата пумпичка, почнал да губи воздух. Во целата таа настаната хистерија насилно го слегнале на станицата без око да им трепне.

Една жена почнала да им раздава влажни марамчиња на останатите патници. Само еден човек слегнал на станицата со дедото. Тој кажа дека човекот на времето бил професор, сопруг, татко, а во моментот се враќал кон својот стан од посетата на неговата ќерка и внука. Немал никаква “корона“, но стравот си го направил своето.

Бидете човекот кој му помогнал на старецот да се симне од автобусот.

Митко Гогов

Посетено 1.216 пати