Моќ и перфекција во едно пакување

Тимот на Алфа Аудио со гордост Ви го најавува новиот систем од Cambridge Audio, дел од серијата Azur 851, кој е составен од две компоненти: предзасилувач Azur 851Е и засилувач Azur 851W.

851w-silver-with851d-view2-1388407465

Чистокрвниот аналоген предзасилувач Azur 851Е е создаден да пренесе неверојатно чист и рафиниран звук, со најниска хармонична дисторзија во извонредно пречистен сигнал кој скоро и да нема мерливо ниво на шум. Тајната се наоѓа во новоизработениот и висококвалитетен засилувачки модул кој пренесува прецизен и балансиран звук, без никакви дополнителни дисторзии гледано од почетното ниво на аналогните влезни сигнали од изворите на звук.

[youtube height=”HEIGHT” width=”WIDTH”]http://www.youtube.com/watch?v=nWMJEmb46qI[/youtube]

Покрај тоа 851Е нуди и веќе докажани 8 аналогни влезови, вклучувајќи тука и 3 XLR балансирани влезови за супериорно аудио кое без сомнение значително се доближува до high-end перформансите. Всушност и дизајнерското решение на 851Е претставува вистински high-end концепт, каде што отпорничките модули и независните засилувачи на сигналите дистрибуираат константен сигнал на различни нивоа од различни извори и при тоа на излезните сигнали му даваат чиста и вистинска карактеристика подготвена за влез во моќен засилувач.
Сето тоа е спакувано во метална шасија конструирана да ги изолира сите електрични и несакани влијанија и создава слика на вистински предзасилувач. Во спрега со Azur 851W, двата уреди претставуваат моќен систем кој нѐ прави посебно горди.

Azur 851W засилувачот е всушност моќна Class XD системска компонента со точно 12 транзистори по канал, која на веќе докажан начин ќе го засили и презентира одлично дотераниот сигнал од предзасилувачот.

[youtube height=”HEIGHT” width=”WIDTH”]http://www.youtube.com/watch?v=B5oaEdGzXRc[/youtube]

Комбинирајќи го најдоброто од класата А и класата АB, класата XD нуди моќна ефикасност во која тешко ќе поверувате. 851W користи две независни тороидни трансформатори, еден за снага на засилувачот, а другиот за интерната работа на аудио компонентите каде што аудио динамиката и сигналната импеданса ќе успее да ја задржи стабилна до крај, без момент и можност на Clipping (термин кој се користи во аудио јазикот за нарушена стабилност т.е. дисторзија на сигналот кога засилувачот се напрега да даде поголема моќ од својот максимален капацитет), ситуација која пред сѐ е непријатна за слушање.

Големиот број на кондезатори во засилувачот го обезбедуваат и штитат системот од напонски шилци, прегревање и било каква дисторзија во работата. На крајот резултатите се воодушевувачки, затоа што се добиваат масивни 200W по канал на 8Ohms во стерео конфигурација, додека истиот засилувач има можност да работи и во премостен моно режим обезбедувајќи 500W RMS.

Едноставно може со задоволство да се каже дека овој систем е најмоќниот, најпрецизниот и најдопадливиот систем во гамата на Cambridge, подготвен да импресионира и овозможи незаборавни аудио моменти и кај најпрeбирливите.
Наскоро и во нашиот продажен салон ќе можете да го споделите искуството и да го доживеете овој систем како нешто што ќе го паметите.

Посетено 263 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!