МИЛОМИР МАРИЌ: Ордените од прадедо ми ги сменив за две плочи од „Ролингстонси”

Ордените од прадедо ми ги сменив за две плочи од „Ролингстонси” Новинар и писател на книгата “Децата на комунизмот” раскажува за помош на Милован Ѓилас, Црњански, Џајиќ, Грунчевиќ и Капор, за палењето на стриповите “Алан Форд”…

Milomir-Maric
Миломир Мариќ – Фото: приватен албум

Миломир Мариќ својата новинарска кариера ја искачи до самиот врв кога во 1987. ја објави контроверзната книга “Децата на комунизмот”, која предизвика бурни реакции во тогашна Југославија. Сега ги затрупа книжарниците со нејзиното второ издание.
Во меѓувреме работеше на БК телевизија и ја романсираше биографијата со соговорниците со кои сега ги запознава гледачите на ТВ Хепи.
Роден е на 7. јануари 1956. во Горњи Милановац. Убавината на животот ја дели со Весна Радусиновиќ, писателка, и синот Владан(23).

За што зборуваат “Децата на комунизмот”?  

Тоа е лексикон на задкулисните случувања на актерите на историјата на Југославија кои имале пресудно влијание на случувањата во државата. Тоа е книга за заблудата и табуата на југословенскиот комунистички режим. Објавена е во два тома: “Магла од исток” и “Луѓето на новата доба”. Добрица Ќосиќ ми рече дека со оваа книга збрцав нож на неговата генерација.

А кој ви помогна во пишувањето?  

Милован Ѓилас. Тој не смееше јавно да дејствува и да дава изјави. Но целиот материјал кој го собирав му го носев немуза да ми помогне во проверка на  податоците. Дознав дека тогаш Титовиот комунизам е единствен кој е финансиран со акерикански пари.

Со која идеја дојдовте во Белград? 

Сакав во 1974. да ги запознаам Милош Црњанаски, Драган Џајиќ… Мислев дека Црњанаски изгледа како кога ја пишувал “Љубовта во Тоскана”, а ме дочека старец на кој му испаѓаше вилицата. Сепак, ми кажа фантастична мисла: “Андриќ, Крлежа и јас сме, како австриски војници, кои сето свое срце сме биле на српската страна. Затоа нашата литература излезе голема. А да бевме на Солунски фронт не би поминале подобро од Стеван Јаковљевиќ, писателот на “Српската трилогија”. И ние ќе се удавевме во српската пропаганда. Бидејќи ние како австриски војници ги замислувавме српските победи.”

Како го доживеавте Џајиќ? 

Бев воодушевен од неговите дриблинзи и центаршутови. Но, тој никогаш не ја даде својата вистинска животна исповед, а го доживувавме како великан на епохата. Кога беше уапсен во директниот ТВ пренос бев потресен. Бидејќи, тоа беше срамота за Србија, а не за Драган Џајиќ.

Како ги отворавте туѓите врати? 

Среќно. Во Белград ја понесов големата љубопитност и матурското одело. Среќно. Есента 1974, без покана, успеав да влезам на модната ревија на Пјер Карден, а тука беше елитата на Белград која што сум ја сонувал во Милановац. уште како “клинец” ги читав сите новини и книги до кои ќе дојдев. Главата ми е сега полна и со непотребни информации, но сите ги памтам, како да сум чипован.

Кој ве водведе во новинарството?  

Великаните на тоа време: Брана Ценчевиќ, Момо Капор. Тие само ми овозможија да пишувам за “Дуга”. Капор ги повика уредниците и им кажа дека знам се и сешто. Тоа беше вистина, бидејќи читав се, а Црнчевиќ се избори за почитување на моите текстови и по должина по “ритамот” на пишувањето.

Чиј музички ритам е и ваш? 

Пред сите “Ролингстонси”. Во Горњи Милановац, прадедовата Караѓорѓева ѕвезда и Обиличевиот медал ги сменив за две нивни плочи. Потоа на бувљак ги купив сите тие ордени. А кариерата во седумдесетите ми се поклопува со раѓањето на “Бјело Дугме”. Сакав да бидам дел од тој рокенрол свет, па и за политиката пишував како никој друг пред мене, на рокерски начин, сосема слободно.

Што уште донесоа седумдесетите? 

По падот на “либералите” во Србија и масдвижењето во Хрватска воведена е владеење на страв. Во Крагуевац, како шунд се палеа стриповите на “Алан Форд”. Тоа беше акција која ја водеше подоцнежниот градоначалник на Белград Богдан Богдановиќ. После претставата „Кафаница, судница, лудница” Брана Црнчевиќ изгуби право на потпис, а прочуениот новинар на “Политика” Александар Ненадовиќ 15 години беше без потпис. Ни јас не смеев да пишувам за политика на свој начин се до Титовата смрт.

А што знаевте пред останатите? 

Дека ќе се распадне “Југа”. Непосредно после Титовата смрт еден иден Туѓманов министер ми кажа дека Југославија и демократијата се исклучуваат. А јас мислев дека демократијата ќе ја зацврсти Југославија. Но мене ми е кажано дека само челичната Титова рака и цврстата чизма можат југословенските земји да ги држат во заедница. Така и беше.

Како го запознавте Туѓман?  

Кога во 1981. слушнав дека во Загреб се појавил Титов генерал кој пред тоа бил во затвор. Тоа беше Туѓман.Ми рече: Никој, од излегувањето од затвор, не ми влегол во куќа три месеци. Пријателите не ме поздравуваат на улица.”

Каде ве однесоа “Децата на комунизмот”?

Добро заработив од продажбата на таа книга. Тогаш тргнав на пат околу светот. Ги обиколив сите метрополи. Оваа книга ми ги отвори сите врати. Во Америка одржав предавање во Сенатот. Се обраќав на студентите на Харвад, Принстон, Стенфорд, Јел… Имав план секои две-три години да напишам нова книга и да патувам во убавите градови, на јужните мориња… Но, војната и мене ми донесе само несреќа.

За што пишувате?  

Имам напишан материјал за четири-пет книги, на околу 2.000 страници.  Во нив, од прва рака, како и во “Децата на комунизмот”,  кои сум ги пишувал 10 години  сум дошол до усмени и писмени податоци за распадот на Југославија и трагичните српски недоразбирања со светот.

Се плашите ли од своите зборови? 

Тоа никогаш не ми се случило. Не сум член на никакви организации. Секогаш сум бил и сум останал слободен човек верен на својот занает, на вистината и на своето семејство. Обожавам да ги истражувам скриените страници на историјата и табу темите. Бидејќи. мене ме интересира токму тоа што е забрането. И тоа го определи мојот животен пат.

———————————————————–

Средби со бивште љубови како-со баби 

На што посебно се сеќавате?

Ги запознав најголемите сликари: Марко Челебоновиќ, Милиќ од Мачва, Љуба Поповиќ… Се сеќавам на доверливата исповед на Пеџа Милосављевиќ во Музејот на современите уметности. По приказните со големите новинари дојдов и јас на ред. Беше уморен. Ми се пожали дека таа вечер го чека тешка средба: “На приемот ќе ги видам најубавите жени на Белград во кои некогаш бев заљубен, а сега, прв пат, ќе се соочам со нив како баби”

Автор на Интервјуто: Славко Трошељ
Превземено  од ПОЛИТИКА

Посетено 913 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!