ЗБОРУВАЈЌИ СО ТИШИНАТА…

ЗБОРУВАЈЌИ СО ТИШИНАТА…

Шшш…Тишината зборува ,пишувам со осамата …
Силно светнал ден вовлeкувајќи се во сивата соба , а јас пишувам…
На ѕидовите од таа голема соба со поглед на светот, поголем од вечноста , …
Гледам пред себе , во далeчината на тишината и редам зборови кои се лепат како смола на ѕидот…
Ја кршам тишината едвај вовлекувајќи се во порите на женственоста,
Остана само труп, телото одамна престана да живее…
Се насмевнува со краен напор , ја буди заспаноста, и при секој напор усните крварат ..
Траги од креон на испиеното лице. а јас зборувам со тишината …
Пишувам со мастилото кое се прелева во душата, ги кријам воздишките…

Големиот град сјае ,сонцето свети, силна рефлексија на ситните стакленца,
од искршен кристал, расфрлан живот и бледа копија на човек кој ја всадил машкоста во женско тело.
Ги заробил цветовите и мирисот на жената…
Ја прави сликата на стисната тупаница и убиствен поглед од кој мрзне крвта во жилите…
Вазна со полски цвеќиња фрлена на подот,
искината кошула на штотуку расцутена младост, во заробено тело…
Зборувам со тишината, немоќна да ја ослободам жената , и мирисот на љубов…
Се повеќе тежи оклопот на душата и зборвите кои удираат по ѕидот на плачот ..

Оливера Ширговска

Посетено 186 пати