Забранета љубов

„ај ма да се фатиме“ – по 100-ти пат ја моли
„уф и јас сакам, не знаеш колку многу ама не е можно“
„зошто не е можно, јас те сакам, ти ме сакаш,
баш супер ќе ни биде“
„ама ние сме 2 ралични света,
ќе не зборат, ќе не отфрлат“
„нема врска, ќе се навикнат, секое чудо за 3 дена“
„да живевме во друго време или друга земја можеби
ама тука нема шанси“
„не биди таква“
„на сум таква, не знаеш како ми е,
главата ќе ми пукне, не можам да спијам
ама тоа е“
„ај да се убиеме тогаш“
„сега?..ај да почекаме до есен“
„извини, не можам овака да живеам“
– и’ кажа, се фрли од највисоката гранка и на место загина
„неее… не бе, што ми направи, а јас сега зошто да живеам?“
-па и она целата скршена од болка се фрли од највисоката гранка
Така ако видите 2 паднати листа во сред лето
едниот костен, другиот од липа
не се чудете и не ги газите.
Тоа се Ромео и Јулија од приказнава,
некој глупи правила во светот на растенијата
не им дозволија да се сакаат,
биле многу различни?!?!

Посетено 4.288 пати