За и околу пријателите

Инспирирана сум нешто од утринава, ма кого лажам… Со денови се кандисувам да напишам, па сега најдов простор и енергија за да нафрлам три-четири параграфа филозофирање.

Ви текнува ли на времето кога имавте купишта пријатели: од школо, од искачања, курсеви, па факс?…. Златни времиња да, кои се помалку ги има. За воља на вистината, мило ми е што се проретчени, барем за мене. Таков ми е знакот, таква ми е космичката енергија, па увек во секое пријателство јас претентирав да го дадам максимумот. За кого, бе? Охх, не…

Нејсе, тие времиња уште се тука некаде. Ама, многу проретчени како што и погоре споменав, но и со вистински пријатели. Два-три тројца, од кои можам гордо да кажам има една личност на која целоно и верувам, а притоа не е Емил или моето семејство. И доволно ми е.

На таа особа можам буквално се да и кажам, а притоа да не си заминам со наведната глава. Да не се почуствувам изманипулирана, навредена или пак повредена по било кој основ. Истата таа особа ги знае сите мои тајни, мечти, стравови, успеси, неуспеси, подеми, падови… Ама, баш се.

И зошто го пишувам ова? Затоа што никогаш ништо не и посветив! Посветував на други, но ми се одби истото од глава. Каде се тие? Исчезнаа, испарија…Буквално ги снема. Од тогаш искрено не верувам во вечно пријателство, бидејќи очигледно за некого тој поим е ветер и магла.

Имајте пријатели, тие се богатство. Имајте познаници, тие се термален извор. Но, најмногу од се, чувајте ги најдобрите. Оние кои ќе ве поддржат дури и кога правите некоја епска глупост (читај: не подразбирам насилство, неверство итд…), кои ќе бидат брутално искрени кога сте облечени или нашминкани како кловн, кои ќе ве бодрат дека секогаш можете подобро.

Таквите се дијаманти…

Посетено 467 пати