Во свет на лаги, биди вистина !
Кои сме ние? Бледи копии на некои оргинали, уфилувани и украсени со лаги? Или пак, репер за вистина?
Се изгубивме себеси, токму поради социјалните мрежи. Нема ден, а да не прочитам барем неколку пати еден ист статус од различни луѓе. Побогу зошто? За лајкови? За мала слава? За што, пријатели?
Само штом се одлогирате и излезете во реалноста, ќе заборавите на истата таа мудрост која патем не е ваша, туку за кратко ја позајмивте. Ќе ви речат: Браво, а вие ќе се дувате како балони полни со хелиум. За на крај кога ќе ве потсетат на мислата, ќе ве прашаат за инспирацијата. Ќе се збуните, заддкате и нагло се изишете.
Напишете нешто, па макар нека е просто. Не заборавајте дека и простите работи имаат душа, поттикнати со од некој и нешто.
Се прашувам како не ви е смачено да бидете лажни, сиви и траги-комични. Бидете вистински, оригинални и креативни. Луѓето сакаат иновација, креативност и умешност. Фрлете ги во оган сите останати мисли, кои не се произлезени од вашите глави и почнете да размислувате со мозокот кој го имате.
И ова моево може звучи досадно, глупаво или без врска. Ама, мое си е… Од срце, душа, петни жили е извадено.
Славниот Пикасо во една прилика рекол: Во уметноста се е револуција или плагијат. Бидете револуционери и поклонете му се на оргинализмот. Нема да ве разочара!
Посетено 763 пати