Во Македонија се станува писател со една книга, наместо со 5!

Фејсбук-статус напишан во 2016. Не верувам дека нешто е сменето во однас на нас „писателите“, по малку ми е смешно да се наречам така… бидејќи тука писател тука се станува писател со една напишана книга, а не со 5. Тука се станува писател со крадени цитати, празни зборови и смешки. Тука се станува писател со еден лик наспроти 10. И од оваа дистанца, можеби, сфаќам зошто не се цени вредноста на пишаниот збор. Затоа што стануваш уште еден во низата. За нив си само уште еден кој сака да се „богати“ од книги, ти си само уште еден што решил да продава патетики, што решил да продава „ветер и магла“.

По мојата прва книга „Марла“, за која што правам римејк, се почувствував ценето. Некои ја сметаат за бестселер, некои за потененцијал, на некого му се темни, некој би ја џитнал во канта…

Сега, во 2019, со делумно напишаниот римејк, веќе се чувстввувам како дипломиран АМАТЕР писател. Со 29 ликови наспроти 10-те од минатата книга, со неколку различни приказни парарелно, со мноштво чувства испреплетени, јас се чувствувам како целосен писател, но се’ уште ми е чудно да се наречам како таква…

Кога ќе ги напишам и другите, гордо ќе ја носам титулата… а, дотогаш, прочитајте го статсусот со кој се сложувам од збор до збор, иако тогаш сум била многу побетер од сега…

Се уште сум аматер во својата професија како писател, но тоа е доволно за да се почувствувам изреволтирано… Што треба да се случи за да почне да се цени вредноста на пишаниот збор? Што?!

Вадиш се од себе, и радост и среќа и гнев за да го пренесеш на лист хартија. Со денови не спиеш затоа што инспирацијата нема време за чекање, одолжуваш искачања со другарки, на дечко ти му велиш дека не можеш вечерта целосно да му се посветиш, концентацијата те напушта додека си на работно место затоа што едвај чекаш да стигнеш дома и да напишеш по нашки „два-три реда“ кои знаат да ти одземат и по неколку часа од денот… За учење велиш дека ќе најдеш време… И се така во круг дур да испадне тоа парче книга со смешна цена која ретко кој сака да ја плати.

ЗОШТО?!

И добро, ајде… кажете… па, кој те тера? Не ме тера никој, ниту мене ниту друг кој писател… ама баш никој, не тера онаа клетка во мозочето која те убедува дека можеш и мораш да пишуваш дур не се испразниш.
Тоа е нешто како вие мажите кога имате ерекција, па ако не завршите, нешто таму доле ве боли.. е па, и нас не боли… Ама не боли душата неиспразнета…

За на крај, за крај на целата мака и агонија сите тие месеци поминати во седечка и лежечка позиција, со болки во кичмата и прстињата… Некој да рече дека не вреди.. Дека кафето од Тренд има поголема цена…
Па, нели е бе гретоа?

И ова е мое душевно олеснување, и издишувам со тешки воздишка… Можев сето ова да го избришам и да речам пу-пу не важи… Ама, па ќе имаа ли тогаш книгите вистинска вредност? Ако не беа напишани во момент на најсилни емоции? Ќе имаа ли? Јас мислам не…

Марија Прличкова

Посетено 347 пати