Стој на раце

stoj-na-race_zokipanker
Се акам бесцелно низ град,
баш онака џаболебарски
и од досада ми текна генијална идеја – да стојам на раце
И супер ми беше,
со саати им гледав на женските под сукња
се до моментот кога
едно куче застана до мене,
ја дигна едната нога и почна да ме моча.
Му викам „бегај бе џукело, не сум дрво
човек сум, само наопачки стојам“
а тоа курнаски ми се насмеа, си заврши работа
и си отиде.
После ми пријде еден клошар, ми ги украде патиките
а сакаше и чорапите, ама не успеа,
ми беа залепени за стопалата пошто
два месеци не сум ги соблекол.
А ова сонцето се појако печеше
и успеа да ми ги запали чорапите,
па почнав да се топам како свеќа.
И се топев, се топев, ми се истопија нозете
па кога почна и стомакот да ми се топи
се изморив, башка ме заболе и решив да си идам дома.
И така тргнав да лазам
ама од разбирливи причини многу споро ја
поминував улицата и еден приватен автобусот
ме згази и ме сплеска за асфалт, т.е. ме уби на мртво.
И сега ова го пишувам додека чекам ред за реинкарнација,
не фатив врски и не знам во која форма ќе се појавам
ама 25-ти сум на ред и таман имам време да се простам
од сите пријатели,
а ќе имам време и за некоја пијачка
Посетено 808 пати