Визуелизацијата е мајка на остварувањето

Јас постојано визуелизирам Ламборџини…

Верувале или не, визуелизацијата е мајка на остварувањето, а вие сте нејзиното дете.

Дете кое има соништа кои се уште не ги остварило, цели кои се уште не ги исполнало, успеси кои се уште не ги постигнало.

Исто како јас пред неколку години.

Тогаш не знаев дека сум дете на визуелизацијата, не знаев дека сите ние сме деца на визуелизацијата и дека од нас зависи дали ќе ја пренесеме оваа наша вештина која се стекнува низ животот на нашите деца.

Доколку се уште не ви е јасно за што зборувам, сега ќе ви појаснам.

Според многу прочитани книги за мотивација, визуелизација, остварување на соништа, успех, Универзум и слично, сфатив дека се што мозокот може да замисли, тоа може и да го оствари.

Од таму произлегува тоа дека визуелизацијата е мајка на остварувањето.

Доколку посакуваш нешто доволно силно и го визуелизираш како веќе да го имаш, верувај наскоро навистина ќе го имаш.

Истото се однесува и на негативните работи, ако визуелизираш дека нешто лошо ќе ти се случи, верувај дека навистина ќе ти се случи.

Затоа уште денес отфрли ги негативните мисли и вибрации од себе, визуелизирај само позитивно, мисли на убави работи и ќе доживееш прекрасна промена.

Бидејќи верувај дека се зависи од твојот мозок!

Тајната на успехот и неуспехот се крие во тебе, потребно е првата да ја искористиш, втората да ја сокриеш уште подлабоко за никогаш да не излезе на површина.

Неодамна во една книга читав за еден човек кој сакал Ферари, секоја вечер пред заспивање визуелизирал како Ферарито е негово, како седнува во него, како го вози, како врти во кривини, како нагазува, го чувствувал воланот во рацете, ја вдишувал неговата скапа миризба и знаете што?

На крајот го добил…

Не верував во ова се додека еден знак не ме убеди во спротивното, слично на овој батецот со Ферарито јас сум изгорена за Ламборџини.

Знам дека ќе го имам некој ден, но се уште не знам кој ден. Одејќи еднаш така по улица ми текна на него.

Си реков, кога ќе го имам па да го рокнам низ некој автопат… а да не се занесувам премногу јас, да си зададам за цел да купам некој поефтин автомобил…

Во тој момент додека преминував по улица слушнав брмчење кое ми ја зоври крвта во вените.

Се завртив десно и пред мене стоеше Ламборџини во жолта боја, она моето, омиленото, она што му го имам ќеифот од секогаш.

Не можев да видам кој беше внатре, а и не ме интересираше, стоеше таму со запален мотор, чекајќи да преминам.

Кренав рака во знак на благодарност и забрзано се качив на тротоар. Додека се свртив веќе го немаше, се губеше од мојот видик поздравувајќи ме со своите црвени очиња.

Звучам како фрик знам, но ова беше знак кој навремено ме спречи да визуелизирам друг автомобил од оној што го посакувам навистина.

Има нешто…

Повторно ќе ви речам визуелизацијата е мајка на остварувањето, па затоа денес визуелизирајте се што посакувате и не се откажувајте, еден ден
се ќе ви се оствари!

 

Посетено 1.260 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!