Твојата бивша, твојата вечна љубов

Седиме, јас, ти, твојата бивша девојка и нејзиниот нов дечко кој по некоја случајност е твојот најдобар пријател

Беше 16 септември, мојот роденден, но не беше толку важен ден, бидејќи ти секој ден ме правеше да се чувствувам како да ми е роденден. Ама денес беше поразлично…

Таа ме соблекуваше со поглед, не на лезбејски начин. Онака љубоморно, посакуваше да ме види гола, сакаше да види што гледаш ти кога ќе ме соблечеш.

Премина на лицето, бидејќи масата беше до висина на мојот стомак, тоа и беше доволно за да се изнервира.

Ми ги гледаше очите, те бараше тебе во нив, гледаше што има толку во тие мои кафеави очи во кои си се заљубил како луд.

Усните, полни, црвени, како да ми ги корнеше со погледот и ги ставаше во чинијата со салата. Бидејќи и онака не јадеше ништо, внимавала на фигурата рече, тие и го отвараа апетитот.

Косата, таа плава, јас црна.

Таа проsирна, јас мистериозна…Косата не објаснуваше двете како личности. Помислив на тоа и се насмевнав, онака таинствено и секси. Ти тоа го сакаш, таа го замрази.

Јас наивна и фина, а таа лукава и итра, но сепак глупава.

Зборувавме за џезот, добро вино и цигари. Излегов да запалам една, таа дојде по мене.

Ме праша дали може да добие запалка.
И ја подадов без да речам нешто. Тоа ја вознемируваше уште повеќе а јас бев толку мирна, спокојна, едноставно ми беше сеедно и уживав во нејзиното внимание.

Толку големо внимание никој не ми посветил со години, се чувствував посебно и тогаш сфатив зошто тој ме одбрал мене, а не неа.
Престанав да ги замислувам заедно и се почувствував како најсилната жена во светот.

Ако не најсилната, барем посилна од таа наспроти мене – проsирната.

Пецкањето од цигарата на палецот ме размрда. Сфатив дека се уште сум надвор, со неа.

Ме праша колку време сме заедно.

И реков дека не броиме, бројката не е важна за нас. Заедно сме од Коледе, неговиот омилен празник, каде што се запознавме, таа 2012.

А ти, колку време си во врска?

Ја прашав, не дека ме интересираше туку да се вклопам во разговорот кој знаев каде води, но сакав да го прекинам.

Кажа датум на кој не обрнав внимание, само кимнав со главата и реков, аха убаво, долго да си бидете заедно.

Тоа ја направи уште пољубоморна и раздразлива.

Таа не го сакаше тој што беше до неа, го посакуваше тој што беше наспроти неа, до мене!

Влеговме внатре. Ти знаеше што се случило. Ми се насмевна и ми ја фати раката. Ти возвратив со насмевка, ме разбра, твојот поглед ми кажа.

Таа ме праша што работам. Писател сум, одговорив.

Имаш ли напишано книга, праша со потсмев. Не, но ти ќе ми бидеш инспирација кога ќе ја пишувам, наскоро, си реков во мислите, сакав да и кажам, но замолкнав.

Планирам, наскоро, одговорив, ќе ја пишувам во Охрид.

Тој ме стегна за рака, покажувајќи ми поддршка, таа тоа го виде.
Дечко и како изгубен не забележуваше што се случува. Порача второ вино на масата и се му беше во ред.

Девојката до него, пријателот со неговата девојка седи наспроти него, му простил што се заљубил во неговата бивша. Сите се среќни и задоволни, освен тие тројца во негова близина. Се чувствуваше опуштено и задоволно, му се читаше од очите кои пијано шараа низ просторијата.

Не можев да доловам како се чувствуваш ти, до мене, наспроти неа. Девојката која си сакал да ја запросиш.

Дали ти се вратија чувствата?

Не можев да прочитам ништо од твоите очи. Можеби ми ја стискаше раката на начин на кој сакаше да ми покажеш дека се е во ред, ме сакаш и нема да и се вратиш. Но…делуваше нервозно.

Ти како си, што има ново освен твојата девојка, те праша, онака курвински.

Ти и одговори – Не е повеќе моја девојка, од овој момент таа ми е свршеница!

Ме погледна со тие зелени очи во кои го прочитав стравот од одбивање и едноставно сакав да го избришам бидејќи беше непотребен.
Тишината зборуваше, јас врискав во себе а таа ме убиваше со очите. Застани ма девојко, ќе го направиш вдовец уште пред да стане младоженец.

Да, да, да!

Почна да вриска неговиот пријател кога сфати што се случува. Пијаниот поглед и здивот на вино ги почувствував блиску до мене. Кажи да, ми викна уште еднаш.

Прстенот кој го извади од џебот беше таков каков што отсекогаш го замислував, иако никогаш не размислував многу за свадба како и сите девојчиња, тоа не ми беше важно, не сакав да го доживеам за скоро време.

Му кимнав со главата и го прегрнав.

Пријателот не гушна и двајцата. Рече со среќа, и таа после него – Со среќа!

Ме прегрна, почувствував како и врие крвта. Го прегрна него, како со прегратката да сакаше да го премисли и да го потсети на старите денови кои ги поминале заедно.

Возбудлив роденден, нели?

Не знам дали тој ден ме запроси за да ја направи љубоморна или навистина сакал да ме изненади на мојот роденден.

Ама ќе дознаам, наскоро.

Посетено 14.081 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!