Тој што му копа гроб на друг, самиот паѓа во него
Чувствувам како да не сум способна да напишам ниту збор, за љубовта, за животот, за трпението.
Полека се движам кон дното и сум свесна дека за брзо ќе го почувствувам нејзиното тло прилепено за мојот образ.
Не сум сигурна зошто се чувствувам вака, но започнувам да ја губам смислата на животот.
Посакувам да се вратам во детството кога си играв во снегот и кога верував во Дедо Мраз.
Каде е човечноста?
Каде е емпатијата, каде е љубовта помеѓу луѓето?
Се чувствувам осамена, сфаќам дека не постои личност на која и би верувала.
Зошто не го следите принципот “Не прави го тоа што не сакате да ви биде направено”?
Доколку го следите светот би бил едно поубаво место не за преживување, туку за живеење.
Зарем не се чувствувате осамено кога ќе ја ставите главата на перница или ве држи за рака немирната совест па се тешите заедно дека ќе помине и таа ноќ која не може да ја преспиете?
Давајте, не очекувајте да ви биде вратено!
Бидете културни, дури и кон оние што не се културни со вас.
Не велам дека доколку некој ве удри треба да го свртите другиот образ, но ви кажувам дека доколку некој ве удри признајте му дека ве повредил, кажете му дева ви е тешко, но никогаш немојте подмолно да кроите план со кој што ќе му вратите за стореното.
Запомнете “Тој што му копа на друг гроб, самиот паѓа во него!”