SIMPSON’S еден од најстарите лондонски ресторани

Британска традиција подолга од 170 години, лондонски Simson’s.

granddivan

Велат дека Лондон е водечки центар во светот на добрите ресторани, а  Simpson’s во Strand кој е дел од познатиот Хотел Savoy е место кое што треба човек барем еднаш да го доживее. Вечерата која што беше закажана за да ја прославиме Василица, ќе ми остане долго во сеќавање. Со пријателите успеавме на време да се збереме околу 18.00 часот на масата резервирана за нас. Чувството кога се влегува во салата се опишува само со еден збор, а тоа е токму англискиот израз за такво нешто “WoW” или по нашки “кај сум ја”.
Фештата започнува со чаша виски, а јас му препуштам на мојот драг пријател да одбере што вино ќе пиеме. Сигурно тој ќе одбере што е најдобро затоа што веќе 7 години е дел од тимот на Savoy – Simpson’s задолжен за виното.  За предјадење одбравме различни специјалитети од морски плодови да се донесат на маса и секој да си проба што му се допаѓа, а сето тоа беше залиено со најдобриот Gewurztraminer od Alsace. Услугата на персоналот е највисоко ниво и функционира како најдобро координиран оркестар.
За ексклузивноста на овој ресторан зборува традицијата подолга од 170 години. Отворен е за прв пат во далечната  1828 година, а на листат на познати гости се Vincent Van Gogh, Charles Dickens, George Bernard Shaw, Benjamin Disraeli and William Gladstone. Од самиот почеток местото е познато по тоа што се собирала шаховската елита и затоа е нарешен “дом на шахот”.
Уште од самиот почеток еден од првите мастер готвачи се заложувал да се служат исклучиво најдобрите британски производи, а таа традиција е задржана до денес.
simpsons rest
Завршивме со предјадењето, правејќи мала пауза додека почне главното јадење.  Додека се привршува флашата со бело вино уз муабет. Добро уиграниот тим од келнери и готвачи веќе се спрема да го донесат главното јадење што само по себе е мала церемонија. Се одлучив да пробам јадење кое што е заштитен знак на овој ресторан, а тоа е печење кое тим од 3-4 готвачи го сецка до перфекција на количка од сребрени садови  и прибор. Мора да се проба еднаш зада се вкуси нешто што повеќе од 170 години е на листата на омилени јадења на пребирливите гости. Како прилог доаѓа зеленчук и јоркширски пудинг(нешто како мекица тесто) со посебен сос за печењето. За тоа што порачаа моите пријатели не би можел да кажам повеќе од тоа што го видов и слушнав дека е извонредно. Виното кое го порачавме за со главното јадење беше декантирано во кристални декантери-бокалчиња. За виното можам само да кажам дека легна одлучно со јадењето, за на крај да се заврши со десертно вино и неизбежен француски коњак. За изборот на вина и коњак на мојот пријател можам да му кажам само фала маестро.
Посетено 409 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!