Скопска диета “Зеко”


Зеко, која само јака градска фаца беше фраерот, дел од убавата градска екипа Пиже, Куше или Куже да го е*ам се го утињам, и остала момчад да не ги редам. Екипа која хараше низ Скопјево, отвараа, Затвараа дискотеки, кафиќи, сегде се пробаа. Па море и пееа едно време, (кој тапи беа ко музичари, ал терај) Не многу постари од мене ал коа ќе се ракуваш со тие фаци два дена рака не переш од мераци. Или кога ќе те поздравеа у кафиќ па, па, па… мераци, одма загарантиран статус и цура.

И така као шо и јас си стареев, со Зеко одвреме-навреме си игравме по дебармалските кафани, заедно имаме утепано можда едно сто кила пиперка у кајмак (што всушност е пиперка у павлака, и тоа од ефтините павлаки, со буковец) Инаку причава не е за кафани, за диета е. Некое подолго време го немав видено Зеко, и оп одеднаш ми влага у канцеларија ме шармира да ми извлече нешто и нормално успеа. Ал Зеко изненадујучи 24 кила ослабен.

Зеко фраер, смислил своја диета. Диетава иначе е многу едноставна, а огладнеш бувнуваш две чаши пиво, ништо друго цел ден у уста. И така Зеко веќе у десет по сабајле со осум до десет чаши пиво у него, замислите до 18.00 колку се тоа чаши. Идеме у кафана и не бе брате! Зеко се стаил на диета и тера течна храна не попушта ниту на ребро, ниту на шприцерајка, нит на чварка, тегне само пиво, небаре “Алоевера”. Го викам после два дена да праиме кафана, ете го доаѓа… и пак истото само пиво, пробав да го прелажам со вегетарјанска храна, нормално славната пиперка у кајмак, овчо сирење..ништо џабе, после некој саат се откажав, сфатив дека Зеко решил да стане Јул Бринер у тело (зашо фацата веќе му ја имаше скинато)

Последен пат го видов Зеко на “Виноскоп” тело манекен. Си седам на маса со друштво, а тој менаџер на винарија “Тиквеш”, ми вика: Цезар да ти даам да пробаш од виново “Бела вода” шардоне. И јас, ајде давај(очекувам флаша), и ете го Зеко у свој стил ти бувнува два пакети на маса, седна некое време и се изгуби, ал овојпат за секогаш. Каков добар скопски лик беше таа ќелаица, јбг му фали на градов.Него ја пишав причава коа се видов у огледало и некој 38 кила сум стаил вишок а иде лето, треба да се пие пиво.

АК. Цезар

Посетено 5.736 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!