РИТУАЛИ

Ритуали,
мозочни протоколи,
постапки со кои секој ден
одиш по стапките на претходниот.
Легнувањето на десната страна
ти гарантира будење,
станувањето на десна нога, успешен ден.
Рутински гестови со кои божем избегнуваш
ризици што може да му го пореметат
ритамот на твојот сигурен живот.
Не си забеган како Надал пред сервис,
но сепак, правиш небодиочни нешта
што ти гарантираат добиен гејм.
Тешки глупости, знаеш.
Уверен си дека не си суеверен
а религијата одамна ја распна на крст.
Па зошто секојдневно ги повторуваш
тие забегани движења?
Страв од умирачка, тоа ќе да е.
А што ќе се случи ако станеш
на лева нога, ќе те згази кола?
Напротив, може да ти се случи
нешто убаво, што ќе те здрма
и ќе ти го смени животот.
Но ти како да не го сакаш тоа.
Што е сигурно, сигурно е –
си велиш ко секое бледо Македонче.
А отсекогаш си мразел играчи на сигурно.
Како и да е, едно е сигурно:
со такви како тебе нема напредок,
победа, промени, а најмалку уметност.
Само репетиции, на репетиции, на репетиции…
Еден си од многуте повторувачи кои
никогаш нема да ја пречекорат
цртата на просечноста.

Посетено 207 пати