Празната книга и мастилото или животот и судбината?

Ноќ, тивка и студена. Сама сум, со солзи во очите и болка во градите. Седам покрај каминот полн со тага, жар која полека згаснува. Една празна книга и мастило тоа е се што имам, но и тоа не го купив сама, ми ги подари и тие некој. Немам ништо лично свое на светот,освен својата душа и своето тело. Можеш да ми земеш се, само тоа не… душата,телото,умот и слободата.

Празната книга е мојот слушател, само тој ја чуствува мојата болка, моите искрени чуства, а мастилото е мојот писар. Дојдов на овој свет чиста и празна како оваа книга што ја држам в раце, мојот прв плач ја започна мојата приказна, од тогаш ова мастило почна да запишува се. Секоја моја грешка, секоја моја победа, секој мој пораз секој мој потег е запишан во неа, за жал тоа никогаш нема да можам да го избришам… ова мастило е трајно, направено е од крв… кое накрај одеднаш згаснува и престанува да пишува.

Живот е името на оваа книга, а судбина е името на ова мастило. Секој има право на оваа книга, но се друго останува на нас, како ние ќе ја испишеме, мастилото е во наши раце… ние сме самите кројачи на нашата судбина. Никој не е светец цело време, секој остава црна дамка во оваа книга, но што е кога ќе претераме со грешките… одеденаш таа бела страна од животот станува се потемна и потемна. Да ја испишеш оваа книга правило не е лесно, на никого не му е се розево. Секој има свои проблеми и дилеми, свои искушенија, свои грешки. Ако почнеш да пишуваш по крива линија…. застани… и почни одпоново…. сврти нов лист ако е можно, поправи ја грешката и не дозволувај таа да се повтори. Не брзај со пишувањето, ќе ја пишуваш со години. Не брзај затоа што еден ден ќе се покаеш што не си напишал многу работи… но ќе биде предоцна, тоа е веќе поминато.

Кај некого оваа книга е премногу кратка, премногу брзо е напишана. А пак кај некој е толку долга… што чиниш нема крај. Но запомни ти си писарот на оваа книга, ти го означуваш нејзниот крај. Но едно знај, каква и да е содржината без разлика дали таа е добра или лоша… знај дека Господ те создал да шириш љубов, нежност и добрина… а не зло. Те создал да правиш добри работи да го промениш светот на подобро со своите таленти. Ти си оној мал дел кој го прави светот совршен.

„Ете,тоа е живот“ – реков во себе и ги фрлив в оган книгата и мастилото,симболизирајќи ја смртта на секој човек…. се завршува така… остануваат само раскажувањата за тоа како си живеел, а никој не ја знае вистинската содржина на твојата книга.

Текст напишан на 26.05.2010, на 16 години и намерно воопшто не е сменет… 

Марија Прличкова

Посетено 290 пати