Понекогаш човек се уморува и тоа е сосема во ред. Секое срце заслужува одмор…

Понекогаш човек се уморува и тоа е во ред.

Срцето после кршење и лепење, и тоа како заслужува одмор.

Како по операција, се остава време конците да иструлат, болката да исчезне, траумите да се заборават…

Понекогаш човек се уморува да се објаснува, понекогаш човек останува без зборови, понекогаш човек не знае ни како да се изјасни.

И сето тоа е во ред.

Понекогаш имаш солзи за плачење, а не си ни свесен. Исплачи се сега, исплачи се како мало дете.

Ќе плачеш мило мое денес, ќе плачеш и утре, и задутре ако треба… ама после третиот ден ќе собереш сила и ќе ја избришеш последната солза капната на белото лице.

Ќе се умориш уште 100 пати за глупост и смешка, но ако… не си слабак ако плачеш или се уморуваш… слабак си ако пробуваш да се одмаздиш.

Ќе собереш и тогаш сила, ќе станеш и нема да дозволиш немоќта да те гази.

Ќе создадеш систем, одбранбен систем, ќе се бориш без зборови, без објаснување, без сол на раните.

Затоа што ти си веќе силен. Затоа што немоќниците те направиле одамна горд и моќен.

Уморен си од разбирање на другите, но не и за себе. Уморен си од другите, не од себе.

Марија Прличкова

©majkatiitatkoti.com  Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

Посетено 3.235 пати