Постои само еден тип на жена која вреди да ја барате во животот

Постојат различни видови на жени исто како што постојат различни видови на луѓе. Видови, се разбира, генерализирана верзија од индивидуи- никој не може во целост да одговара на тугите параметри.

Видовите се многу поедноставени, а луѓето се многу сложени. Сепак, тоа е генерализација која ни овозможува да ги сфатиме нештата и концептите кои поинаку не сме во состојба да ги разбереме.

Земете го за пример пронаоѓањето на вашата идеална жена- вашиот идеален партнер во животот. Сите сме во потрага по еден тип- нашиот тип. Некои сакаат да се високи, други пак да се ниски.

eden tip na zena_majkatiitatkoti

Едни сакаат едностави жени, други вешти и искусни жени. Во зависност од типот кој го бараат луѓето стануваат многу креативни, понекогаш и чудни. Но нашиот тип е наш тип и го сакаме она што го сакаме.

Она што јас ви го велам е дека можете да го имате вашиот тип се додека тој единствен тип ги има единствените вредности.

Во текот на минатата декада имав голем број на состаноци. Запознав многу жени и разговарав со голем број на жени. Ги водев на вечери, пијачки, патувања итн.

Дури и летав во различни држави поради жени- кога нешто ме засегнува, јас сум многу упорен и сфатив дека можеме, генерално да ги поделиме жените во две категории. Првата категорија се жени кои ќе го исцицаат дури и вашиот мотив за живот и секоја ваша вредност.

Нешто поважно е втората категорија на жени кои не само што прават да сакате подобар живот, туку и ве тераат да верувате дека тоа е всушност возможно.

Сите жени во светот припаѓаат на една од овие две категории, без исклучоци. Како и да е, ако една жена припаѓа на една категорија за конкретна личност, може да припаѓа во другата категорија за друга личност- нашите типови се индивидуални.

Иако можеби не постои жена која ќе се вброи во подобрата од овие категории за секој маж во светот, сигурно постојат жени кои припаѓаат во категоријата жени кои ви ја цицаат крвта.

Ќе сретнете голем број на разновидни жени во вашиот живот и голем број од нив ќе бидат ужасни човечки суштества. Жално е, но постојат голем број на страшни луѓе во целиот свет, и мажи и жени подеднакво.

Многу од нив ќе бидат прекрасни и интересни, се разбира. Ако имате среќа доста ќе бидат и неверојатни. Сепак по сретнувањето на повеќе од една која ќе ве натера да се стремите кон идеален живот и да верувате дека тоа е возможно- би сакал да е поинаку- е малку веројатно.

Не треба да го прифатите со изненадување фактот дека пронаоѓањето на некој кој целосно ќе се вклопи во вашиот живот, толку совршено што вие ќе почнете да верувате и да копнеете за работите кои мислевте дека се невозможни, се случува вообичаено еднаш во целиот ваш живот.

Секако, можеби сте толку среќни па ке најдете две такви жени во вашиот животен век, но земајќи го во предвид фактот дека пронаоѓањето на една е статистички против вашата благонаклонетост, јас навистина се сомневам дека ќе налетате на втора.

Неверојатно тешко е да му се пријде на ваквиот тип на жена, бидејќи таа не е жена во која вие ќе се вљубите и ќе ја саката поради одредени причини, таа исто така треба да биде жена која е достојна да се сака- единствениот тип на жена во кој вреди да се вљуби еден маж е оној тип на жена која прави мажот да биде најдобар што може.

Таа го инспирира да биде подобар, да работи повеќе и попаметно, да биде фер, учтив и страстен. Таа го инспирира да биде најдоброто човечко суштество кое постои затоа што тој верува дека таа не заслужува ништо помалку.

Ваквиот вид на врска е совршена врска со тоа што самата ја продолжува синергијата. Исто како што жената го инспирира мажот и тој ја инспирира неа да биде подобра, да прави добро, да живее подобро.

Ова е единствениот тип на жена со кој треба да одржиме врска, бидејќи тоа е единствената врска која има надеж за подобра иднина која е испреплетена во нејзината генетика.

Врските се тешки. Животот е тежок. Понекогаш и станувањето наутро и правењето на она што треба да го правиме е тешко. Ништо во животот што вреди не е лесно, никогаш и не било. Ќе влегувате го кавги и расправии.

Животот ќе ви задава тешки удари и ќе ја тестира вашата меѓусебна љубов. Сешто може да се случи, и тоа не само на тебе или на неа, туку и на двајцата.

Мора да разберете дека не само што ќе ги делите радостите и среќата на вашата љубовница, туку ќе морате да ги делите и нејзините болки и страдања. Она што ќе добиете од тоа што ја имате вистинската жена покрај вас е надежта дека можете да поправите сите проблеми кои се пред вас.

Зошто? Бидејќи и двајцата немате против да работите за иста заедничка цел. Вие сте тим. Успеавте да го обликувате вашиот живот до сега и си верувате еден на друг доволно за да продолжите напред.

Имате животен сопатник кој нема да се откаже од вас и што е најважно имате партнер кој попрво би умрел отколку да се откаже.

Не трошете си го времето да бркате жени кои не спаѓаат во оваа категорија. Времето е луксуз и не треба да сте несериозни.

Постои само еден тип на жена која вреди да ја барате и тоа е жената која прави да верувате дека сте способни да ги остварите вашите соништа.

Посетено 25.762 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!