Да бидам искрен, супер ми е у Грчка-мој те прчка

Да бидам искрен, супер ми е у Грчка-мој те прчка, ама Охрид и Маврово си ги сакам највише у свет исто ко шо у задња деценија и кусур си го сакам Скопје коа е празно….еве денес пак се уверив во тоа, баш е пријатно и фино.

Со свој пари кој-кај сака ќе си иде, патриота бил или не, не е уопште битно.

Една работа ми е само криво, грците имаат сезона која трае скоро пола година и им е увек фул, а нашиве две места, кои по сите правила коа е у прашање туризам, би требало да имаат луѓе 365 дена  во годинате..за жал празни се, освен у денови као шо се празник ко овој и сл….Охрид па од година у година со се пократка сезона..

Изглеа не е само до убавината на местата кои ги поседуваат овие две комшиски држави туку има нешто и у самите луѓе кои го експлоатираат тоа што Господ Бог го дал.

Лошо ќе звучи, ама едноставно НЕ НЕ БИВА, ни како луѓе ни како нација…мора да си признаеме.

Посетено 2.821 пати