Никој не знаеш што носи врз плеќите, затоа не осудувај!

Животот не’ носи на најразлични патувања, авантури, бурни патеки… а сето тоа доаѓаат и тон искуства. Излегуваш во светот како табула раса, гол и бесрамен.

И почнуваш да учиш да чекориш, учиш да збориш, јадеш и пиеш самостојно, учиш да броиш, учиш да пишуваш…

Тргнуваш во градинка, учиш за емпатија и солидарност, дружуба и почит кон различности.

Одиш во основно училиште, учиш за правда и неправда, успеси и падови, казни и благодарници.

Тргнуваш во средно, учиш за симпатии и први детски љубови, учиш за свест, учиш за развој, учиш за пошироки кругови, учиш за први пијанства, учиш за први ноќни искачања.

Тргнуваш на факултет, учиш за адолесенција, учиш за апстинација, учиш за замор, учиш за инсомнија, учиш за болка, учиш за самотија, учиш за трагедија, учиш за комедија.

Тргнуваш на работа, учиш за соработка, учиш за тимска работа, учиш за плата, учиш за прекувремна работа…

Но, никој не знае колку си научил и колкав товар сите години си собрал на плешките. Колку порази, колку победи, колку навреди, колку комплименти, колку отфрлувања, колку дофрлувања, колку оставања, колку раскинувања, колку болка, колку тага, а колку радост и среќа.

Никој не чита меѓу редови колку од навидум обичните работи си разбрал, а си дава право да те осуди! Ако не си писхијатар или психолог, ти врска си немаш од психологија. А, ти патиш од некаква состојба.

Ако не си правник или адвокат, ти врска немаш од правда и неправда, а ти се бориш за правата на најневините и најнемоќните.

Ако не си лекар, ти врска немаш од медицина, а толку рани си успеал да си залечиш и многу срца да залепиш.

Ако не си учител, врска си немаш од школство и педагогија, а толку лекции си пренел.

Професијата е само начин за заработка, а колкумина вистински ја избрале? Кои сме ние да осудуваме кога не знаеме зошто токму тоа не станале? Кои се ние да судиме за нечии грешки, нечии мислења и ставови, ако не знаеме од каде се поттикнати?

Живеете еднаш и за себеси, оставете ги другите на мира. Никој не е достоен за другиот да зборува.

И само едно: Никој не е на овој свет да си ги споредува торбите и товарот во истите. Ниту еден туѓ проблем не е помал од вашиот, ниту пак поголем. Се’ е до перцепцијата на човекот, но и колку е спремен. Вратете се во градинка… научете за емпатија!

Марија Прличкова

©majkatiitatkoti.com  Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

Посетено 3.128 пати