Немам ЗБОРови, но имам фотки – Татјана Алексиќ

Немам ЗБОРови, но имам фотки – Татјана Алексиќ
Немам ЗБОРови, но имам фотки Вилијам Шекспир, вечната драмска и човечка загатка, најпреведуваниот и најдрамитизираниот поет и писател, располагал со исклучително богат речник на зборови. Во неговите дела, може да се сретнат преку 20 000 зборови, а биле пишувани во време на глобална неписменост и епидемии на чума, кога најголемиот животен успех бил да се остане жив. Писменоста и начитаноста биле привилегии на помал слој граѓани, луѓе од повисоките слоеви, царски елити, богати феудалци, аристократија и буржуазија… Талентите, впрочем највозвишениот слој и најреалната елита, несвесни за своите потенцијали но со неуништив порив за осознавање и создавање, твореле дела со трајни вредности во сите времиња и невремиња без да очекуваат финансиски бенефит.Така опстојувала уметноста и драгоценоста на зборот, сѐ до новиот милениум кога зборот е заменет со емотикон, уметничка слика со фотка, љубовта со кеш, водењето љубов со мобилни апарати, питомиот со дивиот…

Зборот, богатиот речник, едукативната и креативна мисла, сега во 21 век во оптимални услови за нивно збогатување и користење, преживуваат криза, епидемија на осипување, уназадување, враќање кон молкот, кон неартикулирани крици и неразбирливи синтакси…Нѐ зафати епидемија на визуелизација со знаци, симболи и сигнали, фотки, и сториња, флеш пораки и треш комунике… Очекуваме од децата богат речнички фонд, згусната нарација, есеи од 500-600 зборови, правилна дикција и декламација, а нивното внимание оди во други правци (насоки), во крив правец и искривени перцепции Очекувањата болат, за да бидете среќни не очекувајте ништо” – В.Шекспир. Очекувам, дека идните генерации ќе гледаат анимирани сториња од делата на писателите и ќе ги доживуваат како Алан Форд или Монти Пајтон…Не очекувам големи нешта – за да останам среќна Во меѓувреме, зборувајте и пишувајте, говорете и творете за да нѐ има во иднина!

Посетено 1.415 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!