Не се слави само со 20 ќебапчиња

Малку ПОИНАКОВ 8-ми Март


Пред некоја година седам у кафич у Барцелона
(ни на крај на памет дека е 8-ми март)
кога наеднаш се наполни со женски
Си мислам „види што убав кафичов “
кога во секунда се испразни,
женските се стрчаа надвора од таму
се слуша страшна галама, труби , свирчиња…
Искачам и гледам милион женски како ПРОТЕСТИРААТ,
држат говори, се буткаат со џандари..
Прашувам една што е финтата,
ми одговори дека е 8-ми март
и како и секоја година
се борат за своите права….
Значи не се слави само со 20 ќебапчиња
и по некое цвеќе,
НЕ Е ЗАТОА ИЗМИСЛЕН 8-ми Март

Посетено 755 пати