Не се дише

lozac

Смогот смогна сили.
Смрди на сиромаштија.
Ќумбињата ќе ни ги
изгорат дишните органи.
Но не се виновни ложачите –
што треба да прават, да се мрзнат?
Зарем кога би биле во можност не
би ги хранеле со суви дабови трупци?
Немаштијата ги присилила да ги
товат со сè што им е за фрлање.
А нам (за сега) не ни преостанува
ништо друго, освен да ја дишеме
реата на пораз и немоќ.

Посетено 1.146 пати