Не е текила за секого

shots_majkatiitatkoti

Седиме со другар ми Филип во кафич,
пиеме текили, ама многу текили
и гледаме Fashion TV
Стварно се топ манекенкиве иако уствари
им ги гледаме само нозете, пошто газдава кретен
врз телевизорот ставил миље па пола екран не се гледа
Ама што има врска, на толку текили не се ни битни фаците
Наеднаш ми се врти и со сериозен пијан глас ми вика
„знаеш што?.. ќе се преселам да живеам во када’
„каква када… од купатило?“
„да бе во таква’
„ај не се глупирај, што ти текна?’
„па многу славни личности..научници, филозофи
живееле во када“
„на пример кој?“
„па..оној германецот од 16-ти век што умрел млад,
па оној од Америка со белата коса што се разведе,
па оној музичарот… извини ми се повраќа, одма се враќам“
Се враќа од повраќање, ме гледа тупаво и прашува
„извини, што праевме муабет?“
„уфф, па мислам дека ми кажа дека ќе се разведуваш’
“еј да, чекај да и’ се јавам да и’ кажам’
„слушај мори“ – збори со жена му – „ се разведуваме да знаеш,
ми пукна филмот од тебе…собери парталите
и право кај мајка ти во Припор… што, во центар живее?
ја мајката, како да не … ние живееме во нејзиниот стан?..
ај не ми глуми госпоѓа…..’
„нееее СТОЈ“ – го прекинувам- „не зборевме за тоа,
сум се помешал, јас мислев да се разведувам
ти збореше дека ќе живееш во када !!’
“ејј да, а сега што ? “- ме гледа со прашалници
„ми текна“- и продолжи на телефон со жена му
„а душо, добро го кажав ?.. не ма, не се однесуваше на тебе,
Зоки ќе се разведува
па го вежбавме текстот, знаеш дека тебе најмногу те сакам“
„дечки ве гледам дека ви иде муабетот, може една текила од мене?“
-прашува шанкерот
„ех, како да не ни иде, од градинка сме заедно“
-вика Филип
„како бе од градинка? , па јас тогаш во Србија живеев’
„е добро де, после учевме заедно во Песталоци’
„не бе , јас учев во Ленин !!“
„е па изгледа во ГУЦ сме учеле заедно’
„не бе, јас учев во ЈБТ па во Орце“
„е добро де, се знаеме од град, така? – конечно му текна
„па да, него да не заборавиш да и’ се јавиш
на жена ти дека и’ бараш развод“
„уф, немам више кредит..сега ќе идам дома
да и’ кажам“ – шантриво станува и трга накај излез
“ај со среќа па утре овде во 9“
„отиде другар ти?’- прашува шанкерот
и остава 2 текили пред мене
„отиде, папучар … него ај да допијам
а да бегам, треба да се селам“
„опа, не е касно за селење?“
„ма не, во када ќе живеам, само прво да се разведам “
„не е текила за секого“ – тивко искоментира шанкерот
отиде во ВЦ и се обеси на казанчето

Посетено 3.165 пати