Мојот пријател коњ се испозанесе
Една предизборна приказна
[fblike]
Познавав еден коњ, вистински коњ
од тие што се мотаат низ Аеродром
Дружејќи се со луѓе тој
научи да зборува па и да чита,
ама не и да пишува, само знаеше да се потпише.
Еднаш додека седевме во сенка кај Тобако 2 ми се пожали дека
му е смачено од коњскиот живот,
да го јаваат и гаѓаат со флаши пијани будали.
„па што друго да правиш, не си Липицанер
па да идеш на изложби него обичен, прљав и неухранет коњ
„ќе земам лична карта и ќе станам ЧОВЕК“- оптимистички ми кажа
„ај не се занесувај, како мислиш тоа да го изведеш?“
„ќе се пријавам дека сум бегалец од Косово
и немам документи или ќе купам извод од матично … гарант ќе ми успее“
„е па ај со среќа, после ќе можеме и на пијачка
да идеме во некој кафич“ – му кажав и си отидов
Го гледам после некое време цел среќен
оди исправен на 2 нозе, се избањал,
ја шатирал опашката и ми вика
„добив лична карта, ај да те частам трева“
„Не фала, не дувам“
„а бе за пасење , не за дување“- упорен коњов
„јади си ти сам, јас ионака брзам “
– ама ме заинтересира приказната и го потпрашувам
„и сега што, се пријави во завод ?
„ма каков завод, се зачленив во партија
и ќе ми најдат државна работа
а и за избори се спремам ..па сите „коњи’ и слични сурати
во државава ќе гласаат за мене“
…………
И ете сега го гледам на ТВ, станал пратеник,
вози бесна кола и носи Бицијани одело
се поправил 300 кила
па дури и забите си ги направил.
Ми дојде убаво на душава, па уствари и затоа ја сакам Македонија,
зошто е land of opportunity,сите имаат шанси…ма каква Америка !
Еден ден го гледам на улица Македонија и цел среќен му викам
„кај си бе коњу еден“
Овој сврти поглед, као не ме познава
и ми се пуштија неговите телохранители, лом ме направија
„на кого ти му викаша коњ, копиљ еден издркан,
он е за тебе ГОСПОДИН ПРАТЕНИК“
-ми кажа најтепачот пред да ми ја врзе последната шлаканица
Ама тука не беше крајот, мојот екс-пријател коњ, т.е. г-дин Пратеник
ме тужеше за навреда, сум му ги нарушил угледот и честа
и сега по казна еднаш неделно идам на Солунска Глава
и од таму му носам еколошко сено спакувано во кесички од 100 грама
…колку да има што да замези додека е на седници
И после некој ќе ми каже дека животните
биле најверниот човеков пријател
Дајте им власт па ќе видите,
не за џабе има толку арогантна стока по градов !
Посетено 2.164 пати