Македонска испотена свадба

На Пепи Терзиоски…
pepi svadba_majkatiitatkoti
Младите потечени од бакнежи и црвени од кармини
стојат над почесните столови и примаат подароци.
Лицата одвај им се гледаат од купиштата цвеќиња.
Ненаметливо ја проценуваат дебелината
на пликоата и радосно си наздравуваат.
Родителите се среќни но сè уште не се сигурни.
Кумот не би ѝ простил на старосватицата
а за некој саат ни на навестата.
Ораџиите нестрпливо чекаат валецерот
на младенците да ја отвори сезоната.
(Се обложувам дека онаа прекрасна
воздржана госпоѓа за два часа ќе меша на маса.)
Костумите на господата (нафталински или позајмени)
се прекрасни кога се на закачалка или на столче.
Црвени образи, олабавени вратоврски и полетни крагни.
(Пијаниците може да се поделат на статични и нестатични,
но несомнено, и едните и другите се врвни пеачи.)
На децата им е позабавно отколку во луна-парк.
Меѓу два оброка, гибаница од луѓе (тесто + пот)
фатени за раце (папочен синџир на бесконечноста)
во масовен оргазам тоне кон вртлогот на вселената.
Музичарите имаат високи чела,
пеачката отворен гард а мајсторот на фотографија
одвај чека да ѝ се врати на мртвата природа,
толку извесно бесмртна во црно-белата Лајка М6.
„Келнери, вие сте богови!“ – вреска алкохолот.
„Алкоси, вие сте гадови!“ – си велат келнерите
и крадат по некоја минута за парче тутун во кујната.
Од тортата многукатна можеби некој очекуваше да искока
бившото момче на младата и со машинска пушка
да ја хепиендира трагедијата на радоста.
Ништо од сето тоа.
Само заминувања, поздравни или беспоздравни.
Остатоци од блудот на епикурејската публика,
и првата долго очекувана брачна ноќ,
со длабок сон по напорното броење пари,
и отворањето пакети
со нокти и со заби.
06/2000
Посетено 4.197 пати

Watch Bleach Episode 365 at ANIMEFLIX animeflix ponyo

King's Raid: Ishi wo Tsugumono-tachi Episode 16 at website https://animeheaven.pro anime heaven au