Колку што можам да те засакам, со иста мера можам и да те замразам!

Неверојатен е фактот дека можеш да засакаш некого за релативно кратко време.
Но, уште поневеројатен е и оној дека може истата особа да ти се згади за истиот период.
И тогаш доаѓа она невкусно чувство. Кога се прашуваш дали си идиот што си засакал некого или пак сепак треба на личноста да и’ дадеш втора шанса која преоѓа во трета, па во четврта, па во петта…
И не зборувам за љубов. Зборувам за сите на кои им даваме шанса, им ги шириме рацете да ги прегрнеме, им подаваме рака да им помогнеме…
Сите оние кои се испоставуваат дека сепак во душата се само мали луѓенца без емоции, без емпатија, со огромна душевна празнина…
Ама нека, јас и понатаму ќе им давам шанса на оние кои сакаат да влезат во мојот живот… Со ист интезитет, со иста љубов, со иста енергија, со иста насмевка…
Ќе се изгорам поради тоа. И нека…
Човечноста не е грев. Грев е да се подбиваш со љубовта која ти е подадена, да се потсмеваш на секој оној кој сака да ти помогне и ти ја подарува најценетата искреност.
Можам да бидам и сестра и пријател, и учител и психолог, и строга и добра, и кревка и бесна… Можам да бидам буквално се’… Но, само кон оние ќе си останат доследни…
А, зборот и делата се се’.
п.с. Дали некој ќе се пронајде или не, навистина ме заболе. Али искрено…

Поздрав, луѓенца и човечишта!

Посетено 1.116 пати