Кажи пиле? Нешто те мачи?

Запалив колата, го ставив појасот и се упатив во Дебар мало по работа.. како и секогаш, таму за да се паркираш треба да имаш челични живци, внимателно да ги следиш знаците и нормално, да имаш среќа у г`з.. тоа последното го баталив и тргнав во потрага по слободно место..мислев дека го најдов, но за секој случај проверив околина, пуштив порака, најкултурно ги прашав сите станари во околината дали правилно сум паркирана и дали некому сметам..откако ми потврдија сите дека е ок, излегов на половина час да завршам работа..

..за некои четириесетина минути се вратив и гледам огромен бел џип, појма немам која марка беше, а и шо е битно, ми се испаркирало точно да не можам со ни една вратоломна вештина да излезам..се провртев околу, прашував чиј е џипот, потсвирнав еднаш колку да го потсетам дотичниот ако претрчал на минут-два дека треба да се врати..траеше тоа пола саат, а јас за тоа време седев во кола, пуштив музика и чекав..друго чаре немаше..

..малку занесена од топлото и музиката, низ прозор како ураган ми се унесе некое смртно-гадно-нервозно човече, на возраст од 60 и кусур години и со лудачки глас почна да чука, да вика, да пцуе и сето тоа попратено со пљунка на бесно куче..лига од беснило по моето лице..додека се свестив, тој си зема замав до толку што кога го замолив да ја потргне колата и мало мое извинување што можеби сум згрешила, што му се паркирав на мајка му и татко му местото од на баба му чифтијаните, тој од бесно куче се претвори у разјарени бик..
..се виде дека нема намера брзо да се реши неговата криза, па морав фино лепо да го подзатворам мојот прозор со неговата глава, така малкичку кнап колку да можам да му ги видам ококорените очи и да ја запалам колата и да си тргнам у пакет со него директно во неговиот џип..сирот малку трчаше, малку дишеше, малку не знаеше што му се случува ама у секунда му текна дека некаде згреши, па ме замоли да застанам да ми каже нешто..Кажи пиле? нешто те мачи?– го прашав милозвучно. Да не имаме некаков проблем?

..се чинеше дека имало некое недоразбирање, со длабоко извинување..работата се среди без никаков проблем.. то поштујем..
..ете кој би рекол дека освен живците, знаците и таа среќата треба да знаеш и да поштуеш..

Посетено 7.641 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!