Кармата е опасна работа за оние суеверните, но не и за вас или и вие спаѓате во нив?

karmata e bumerang_majkatiitatkoti
Она што го правиш, ти се враќа како бумеранг в чело. Кармата е опасна работа за оние суеверните, но не и за вас или и вие спаѓате во нив?

Според мене кармата постои. Она што го правиш, ти се враќа како бумеранг в чело. Понекогаш те паѓа на грб ненадејно, но понекогаш те крева во облаци. Тоа е само рефлексија на нашите постапки.

Се што правиме независно од тоа дали е добро и лошо кога тогаш ќе се одрази врз нас.

Можеби се прашувате зошто некои личности колку и да прават лоши работи сепак не им се случува ништо лошо, но размислете подобро. Сигурно нешто не им штима и нив. Кармата не секогаш се одразува само врз нас самите, понекогаш се одразува врз нашето семејство, кариера, љубовен живот или пријатели.

Моја пријателка вели дека кармата само ги доведува ситуациите и околностите во ред, без да го промени нашиот став. И навистина е така. Што би правела кармата без нас?

Еве пример со една обична ситуација, ти се допаѓа некој дечко, но истиот се прави недостижен, незаинтересиран, а всушност гори од желба да биде со тебе.

Ти го прифаќаш тоа, не те погодува толку бидејќи не ти значи ништо и продолжуваш со животот. Но, што се случува подоцна?

Дечкото навикнат на твоето внимание забележува дека повеќе не го добива и се соочува со неговата карма.

По одреден период сам ќе се јави, но залудно. Доколку го прифатите неговиот повик, значи кармата не си го одработила своето, но доколку го игнорирате како што правел тој неговата карма ќе го удри во глава и ќе го падне ненадејно.

И сето тоа со помош на нашиот став. Затоа размислете добро пред да направите нешто, независно дали е добро или лошо. Кармата секогаш ќе ви помага но вашиот став е тој што треба да одлучи дали ќе прифати да ви помогне или не.

Истото се случува и со добрите работи. Колку повеќе давате, толку повеќе ви се враќа.

Јас верувам во тоа дека доколку украдете макар и 5 денари, истите по два дена ќе ги загубите од џебот, ненадејно… А, вие?

Во што верувате вие?

Посетено 18.799 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!