Значи блазе си им на функционериве на власт со такви роднини! Се способни синови, снаи, баџанаци, жени, ќерки…

Значи блазе си им на функционериве на власт со такви роднини! Се способни синови, снаи, баџанаци, жени, ќерки… Жена му добила субвенција од 100.000 евра од Фонд за иновации, се мачела да се пријави сама демек, ова-она, маж ѝ вика: она се сама тоа, ептен си е самостојна, ја вака ко модерен маж никад не ѝ се мешам у животот. Баџанакот му се вработил во МЕПСО, он јаден не ни знаел, вчера од Марс паднал, од новинарите дознал и многу се изненадил. Син ѝ го примиле во ЕЛЕМ, мајкава не ургирала, пошто синов толку бил кадарен што се сам си заслужил, па дури не ѝ ни кажал дека бара работа. Сирота жена, може не ни знаела дека син ѝ ѝ е невработен или дека уопште има син?

Еве и ја исто. Чекам еден ден ќерка ми да дојде дома и да ми каже: Мамо се вработив во МЕПСО или ЕЛЕМ или АЕК, а ја појма да немам!

Кого правите будали бре?

Посетено 938 пати