Како да препознаеш типична Македонка на Фејсбук, па и во живо?

– Пишува ‘cena’ на сѐ што ќе види

– Го сака Кам во поштенско сандаче

– Споделува длабоки цитати од Семе Синапово

– Е активен член на Женски Домаќински Муабети

– 6 ноќевања early booking во Олимпик Бич за 49€, плука за лажни патриоти на вибер со комшиката ставена на спикер во грчка таверна

– Мисли дека човештвото потекува од античките Македонци

– Оди на гласање со мотивот: бар овие нешто прават

– Прави албум на фб за децата со 182 слики и опис ‘moeto se’, не им прави два реда муабет зашто проверувa лајкови

– Им се дере на келнери и прави сцена во Кам зошто нема уште една отворена каса, постира цитат за тоа како новите генерации немаат почит

– Се ценка за 10 денари со стара бабичка на пазар, прави слава од 1000€ за да ја зборат комшиите

– Вика дека треба некој да ги отруе џукелите низ градов зашто ќе ни ги каснат децата, купува Малтешка пудла зашто на Цеце што прави нокти ќерка и имала

– Збори дека провинција го уништила Скопје, постира цитат ‘site sme lugje no retko koj e covek!!!’, мења неколку позивни за да се јави на роднините

Адриана Поповиќ

*бесрамно украдено од еден пост каде горенаведеново беше напишано во коментар. Не можевме повеќе да се согласиме! Се надеваме дека Адриана нема да ни замери! 🙂

Посетено 29.923 пати