За Зоки Миладински

Мразеше големи сали за извикани нули. Надувани зборови за обични нешта.

Ги сакаше Пинк Флојд и Лу Рид. Особено Лу, со кого како да имаше воспоставено некој вонземен и вонвременски контакт – небаре го свирел втотиот бас на најглемиот хит на неговата најдобра плоча со наслов „Трансформер“ (ми ја подари осумдесет и некоја година).

Мразеше напумпани големини. Секој автор е приказна за себе. Талентот не е инсект кој ти поканува гости. Напротив, некогаш е пчела што меди убавини во сандаци и тегли, некогаш оса што лета ко пеперуга и како Касиус (алиас Али) ги каса противниците во рингот.

Секоја мелодија има приказна и треба некој, што знае, да ја вмузичи, да ја стокми, да прозвучи, да помине низ решетките на добриот вкус и да допре до петиците на ушите на слушателот. Да му пробуричка во стомакот, зашто само музиката го можe тоа.

Да се разбереме, Зоки не беше генијален композитор, но беше музичар со изграден критериум и вкус. Продуцент, репродуктивец и диџеј.

Но пред сè, беше човек, најчовечен. Мразеше неправди, извикани големини, самобендисани пувежи, нелуѓе со лица на луѓе.

Никогаш не си даваше преголемо значење, не се фалеше. Поважни му беа другите, особено паталците (што ретко кога е доблест, а речиси секогаш мана).

Во една прилика, во Лондон, ми кажа дека им скокнал на неколкумина кои го навредувале (тогаш веќе подостарениот) Џорџ Бест.

Еден од оние од „стариот“ ков, сткаени од најквалитетен материјал, но скроени по најновиот крој, по модата на мозокот во второто десетлетие на веков.

Блузер кој прифаќа сè што е ново. Неограничен, а автентичен.

Еден од најискрените луѓе кои ги имам сретнато. Широкроград џентлмен, како некои од карактерите што на времето ги глумеше Ерол Флин.

Да се разбереме, Зоки не беше соврешен, никој од нас не е соврешен.

Но имаше вонсериски доблести поради кои го сакавме.

Човечиште од човек кој живееше од ден за ден и не му ја мислеше на утре.

Ќе остане незаборавен, сè додека не заборават и на нас.

Можеби само уште една светла точка на небото што некогаш ќе ја откријат некои други поколенија, барајќи други соѕвездија.

Мразеше големи сали за извикани нули и надувани зборови за обични нешта.

Јовица Ивановски

25.02.2019

In memory of Zoki Miladinski


He hated large venues and hyped up nonentities, or exaggerated words to describe ordinary things.

He loved Pink Floyd and Lou Reed. Especially Lou, with whom he seemed to have established some contact out of this time and space – as if he had played the second bass on his greatest hit from his best record, called Transformer (he gave it to me as a present in the eighties).

He hated overpraised greats. Every author has his own story. One’s talent is not an insect one invites for a visit. Quite the contrary, sometimes it is a bee that gives honey, beauty galore filling beehives and jars, but sometimes it is a wasp that flies around like a butterfly and stings the opponents in the ring like Cassius (alias Ali).

And each melody has its own story and it takes someone knowledgeable to put it into music, to set it all up, so that it resonates and passes through the grid of good taste and reaches the heels of the listener’s ears. And reverberates in his stomach, as only music can do.

Let us be honest, Zoki was not an ingenious composer, but he was a musician with distinctive criteria and a good taste. He was a producer, performer and a DJ.

But above all he was a man, the most human of men. He hated injustice, hyped up celebrities, self-important nobodies and inhuman people hiding behind human masks.

He was never self-important himself, he never boasted. He cared more about others, especially those who suffered (which is rarely a virtue and almost always a flaw).

On one occasion, in London, he told me how he had lunged at some people because they were offensive to (then already old and down on his luck) George Best.

He united the ‘old ways’ and the mentality of the second decade of this century, he was spun from the best old materials, but tailored in the latest fashion.

He was a blues aficionado who accepted all the new trends, unrestricted, but authentic.

He was one of the most sincere people I have ever known. He was a generous gentleman, not unlike some of the characters brought to life on the screen by Errol Flynn.

Let us be honest too, Zoki was not perfect, no one is.

But he had some outstanding virtues that made us love him.

He was larger than life and took it one day at a time, never planning for tomorrow.

He will be remembered as long as we are remembered.

He will be yet another bright spot in heavens, perhaps, to be discovered by other generations in their quest for other constellations.

He hated large venues and hyped up nonentities, or exaggerated words to describe ordinary things.

Jovica Ivanovski

Посетено 1.517 пати