Јас кога сум издишан брцам прсти во штекер

[fblike]good luck_majkatiitatkoti
Ја гледам Маја на улица и ја прашувам
„еј Маја што правиш , ок си ? “
„Еве ништо идам дома да одморам, душа немам“
-ми одговори
„Јас кога сум издишан брцам прсти во штекер
и така си ги ’полнам батериите’ “
„И помага?“
„Да ма , супер е,
само брцни прсти во штекер,
или ако имаш 2 носа, може и така
или стави шајки во штекерот па збрцај ги во очите,
како сакаш“ – ја советувам……………………..
Подоцна од неофицијални извори дознав дека се случило следното :
Кога ги брцнала прстите во штекер ја мавнало струја
и ја отфрлила неколку метра
сосема доволно да ја удри мајка ѝ Славица која во
тој момент бришела прозори па
таа изгубила рамнотежа и паднала
право врз едно девојче со розево ташниче кое со радост го лижело
првиот сладолед (се покажа дека е и последен) во нејзиниот живот
Кога таткото видел што се случи со ќерка му ја
фатил Славица и без многу церемонии
ѝ го цвикнал вратот и безживотното тело го
фрлил до блискиот контејнер каде што гладни џукели
откачиле од радост на ваквиот подарок, “шведски стол“ за кучиња
а главата ја фрлил на игралиштето каде што децата што играле
фудбал се чуделе на необичната топка, топка со коса
ама со ќејф ја шутирале највисоко што можеле
зошто им било интересно да ја гледаат разиграната коса
ама перутот што паѓал не можеле да го објаснат,
никогаш не виделе топка од која паѓа снег ??
Маја во шок ја гледала случката од
прозор и во моменти на афект го гаѓала
таткото со персискиот ќилим ама овој имал среќа,
тепихот се закачил на антената на комшиите
и така Маја скршена од болка решила да си го одземе животот
ама пошто и се гадело од крв не можела да си ги пресече вените
па решила да се труе со апчиња.
По грешка земала апчиња против запек
и додека седела со саати на шоља и текнало
дека може да се убие со давење
Влегла во вц-шољата, пуштила вода
ама глупача смотана
не ги извадила обетките па така главата
и се заглавила во вц-шољата.
Животот продолжил да си течел нормално
ама после 2-3 дена на тој што живеел над неа
почнала да му враќа канализацијата и
викнал мајстор кој на запрепастување на сите
од цевките ја извлекол Маја,
едвај жива и целата гомносана.
Од срам сега Маја живее со скриен идентитет
Не дека сум издаица ама сега се вика
Маја Тоалетовска, број на л.к 1276345
(ова ќе остане меѓу нас, нели)
Од целата оваа случка имам мала грижа на совест.
Јас сум виновен за се…
Како заборавив да ѝ кажам на Маја
да го исклучи осигурачот пред да брцне прсти
да си ги „полни батериите“ ??
Посетено 1.176 пати