Хистеричниот климакс и поштарот-тепач

postar tepac_majkatiitatkoti

Пак не работи лифтот
и пак треба да изигравам каскадер и пешки
да се симнувам
Ама тоа е …живот јбг.
На приземје гледам некоја жена
ја држи вратата од лифт отворена
и се заканува некому
„врати ми го новчаникот иначе викам полиција“
Ѕиркам во лифтот, гледам нема никој.
„со кого разговарате, нема никој во лифтов?“
„со онаа кравана“ –покажува накај огледалото
Ја протнувам галавата, се гледам во
огледалото:
“ама нема никој внатре, огледало е тоа,
еве сега мене ме гледате,
не некоја „крава““
„еј, па ти си тој“
„што јас?“
„ти ми го украде….полицијааааа“- почна да хистерише
и му привлече вниманието на поштарот.
„што ви е тетке?“ – ја прашува
„уапсете го овој, ми го украде новчаникот,
ме силуваше, знае кај е паднатиот малезијски авион
и злобно ме гледаше додека ме силуваше“
„добро, не викајте , сега ќе го уапсам“
-ја смирува поштарот
„ти ќе ме апсиш?..па ти поштар си!“
„што има врска, имам униформа и знам карате“
Проба да ме фати и го одбутнав од мене
а овој изнервирано зема залет
и сакаше да ми направи
едно „мајагери“ во глава ама ме промаши,
пролета покрај мене, ја проби влезната врата
и продолжи да лета.
Го гледав се додека не ја прелета Скопска Црна Гора
и тогаш и’ се свртев на налудничавава жена
„е ќе видиш што лажно ме обвинуваш,
сега стварно ќе те силувам и злобно ќе те гледам“
-и’ се заканив
„ај баш да видам“-дрско ми одговори
„уствари не, се предомислив, многу си ружна“
„сељак невоспитан“ – си ја стокми фризурата
плукна накај мене и искочи
Глушецот што го гледаше целиот настан
запрепастено ме праша „што и ’ е на теткава?“
„ма остај ја, климакс“
„што е тоа?“
„па тоа ти е …. (како да му објаснам на глушец)
тоа тие како ти да испиеш отров за глувци со
помината рок..нема да те убие, само малце
ќе те швркне“
„ууу лошо тоа..ај чао брзам на свадба“ – кажа и го снема
После неколку дена на вести објавија дека
македонски поштар
е виден како лета над Париз
и се изгубил во непознат правец,
Уф, браво бе поштар,
да знаев дека толку долго ќе лета
ќе го оставев да ме удри,
ќе ја прошетав Европа за беспари
Хмм, а да земам да тренирам карате,
зошто па да зависам од други
кога сам можам да летам, башка не боли.

Посетено 641 пати