Не се плаши од оние што ти зборат позади грб брат…
Не се плаши од оние што ти зборат позади грб брат… од оние што едвај чекаат да слушнат лош збор за тебе. Не се плаши од оние што шират лаги и невистини за тебе.
Непроверени приказни што им ги скокоткаат ушите на лесноумните. Луѓето такви се… изопачените на се гледаат изопачено. Не, таквите немаат капацитет вистински да мразат. Тие немаат капацитет ниту искрено да сакаат. Плитки се и неутврдени. Тие мразат затоа што не знаат за подобро. Не се плаши од таквите брат. Дека истите тие утре ќе те бакнуваат ако некој им каже дека тоа е модерно. Тие се раски кои ветерот ти ги фрла в лице. Точно, солзат очите од нив, ама само кратко. Дека кучето што многу лае, никој не го сфаќа сериозно. Плаши се од едни други. Оние на кои најблизок си им бил, а најдалечни ти биле. Оние кои илјада пати си ги допрел, а недопрен те оставиле. Оние што си ги покривал со крилата, а однатре ти ги сечеле. Оние кои си ги заштитил со ѕидини, а ти го рушеле темелот. Дека таквите кога бакнуваат, бараат погодно место да ги заријат забите. Кога прегрнуваат, бараат погодно место да го заријат својот нож. Кога ти се пикаат под кожа, бараат начин како да ти ја одерат. Плаши се од таквите што додека ти го пијат виното замислуваат како крвта ти ја пијат. Дека Јуда и Брут не биле сами, брат. Посеале семе кое живее до ден-денес. Низ целиот свет ги има. И знаеш колку познати лица имаат брат… Ќе се изненадиш на кого се можат да личат.