Драга Моја, од мене толку, направив се’ што можам да бидеме заедно
[fblike]
Ги потрошив сите опции, сите емоции,
сите финти и ми остана уште една
Се јавив во Министрество за Правда, Устав, Закони
и Дупки во Законите и ги замолив ако може
во УСТАВ да стават дека „Таа и Таа“ МОРА да ми биде девојка
-не може – одговорија
-ќе ви дадам 100 евра
-не може
-ќе ви дадам 500 евра
-не може
-немам повише пари ама ќе ви ги мијам забите
секое сабајле
-не може, си имаме робови за тоа
-ќе ви дадам 500 евра, ќе ви ги чешлам фризурите
и колите НЕМА да ви ги гребам со шајки
-баш ни е гајле, имаме службени аута…. не може
-добро, ќе ви дад..
-извини, ни заврши работното време – ми треснаа слушалка
Па така Драга Моја, од мене толку,
направив се’ што можам да бидеме заедно
од тебе зависи
Посетено 12.009 пати