До кога ќе сеете отров насекаде, до кога ќе се понашате како да сте некои шерифи или Богови?

Животните ми се најомилена тема за пишување, а богами и за читање. Отсекогаш затоа сум ги сакала басните… Па, не ретко ми доаѓала желба да напишам и јас некоја бесна или некоја мачешка бајка…

Нејсе… Но, никако не ми е омилено кога морам да пишувам за вакви грозни ствари кои се дешаваат низ нашава мила Македонија, последно во Охрид.

Каков мирољубив народ сте бе, кога се’ повеќе имате титули на ладнокрвни убијци? До кога ќе сеете отров секаде, до кога ќе се понашате како да сте некои шерифи или Богови?

Не сакам да сум ви во кожа, не сакам да сум во кожата ни на вашите идни генерации… Не сакам ни во една минута да помислам како е да се биде таков монструм, како може некој да се симне на толку ниско ниво да го повредува она што е далеку далеку понежно од вас…

Вие сте сигурно истите кои ги тепаат жените и децата, пошто се покревки… Вие сте оние кои ги исмејаваат „послабите“, вие сте кои се црекаат од смеење кога ќе здогледаат инвалид или човек со друг ментален или физички хедикеп. Вие сте оние истите кои ги тепаа и малтретираа своите соученици, што ги навредуваа мирните и што ги повредуваа помалите.

Има и жени што трујат, сигурно.. И тие не се ништо подобри од мажите… Впрочем, злобата не бира пол, националност, вера, боја на кожа…

Честитам, успеавате секогаш да го убиете и последното парче надеж во мене после секој идиотизам направен, но мојата надеж е како феникс. Таа одново и одново се раѓа. А, верувам дека и кај сите вистински љубители на животните е иста ситуација.

Кршете не’, но ние никогаш ама баш никогаш нема да престанеме да се бориме за правата на најкревките и најневините…. На животните!

Доколку сте ја пропуштиле една од моите омилени колумни… прочитај тука

Марија Прличкова

Посетено 220 пати